Барај
Сите јакни за преодната сезона!
БЛОГ

Сите јакни за преодната сезона!

Иако времето сè уште не нѝ дозволува да посегнеме по оние малку потенки јакни во кои секогаш уживаме, тоа не значи дека не треба да ги погледнеме трендовите и да си го нарачаме омилениот модел за 2020 уште сега.

Како и секоја година, така и оваа, постојат одредени трендови кои момците обожуваат да ги комбинираат, а оваа сезона има по нешто за сечиј вкус.


SPRINGFIELD јакна - Од 3.999 ден. на 3.199 ден.

Она што треба да го направите е да инвестирате во неколку модели што ќе ги комбинирате за разни пригоди, па така набавете си една елегантна во крем или темно сина нијанса, спортска во разиграни бои и секогаш, тексасот како вистински класик.


SPRINGFIELD јакна - Од 3.999 ден. на 2.399 ден. 

Јакната е исклучително важен дел од секој машки стајлинг, со оглед на тоа што го заокружува вашиот изглед, и иако понекогаш помислувате дека не е важно парче бидејќи кога тогаш се ослободувате од истото, грешите.


SUPER DRY јакна - Од 10.590 ден. на 7.413 ден. 

Погрижете се јакната да биде олицетворение на вашиот стил и секако, да биде соодветна за пригодата каде се појавувате.


SPRINGFIELD јакна - Од 3.999 ден. на 3.199 ден. 

Едноставните кроеви ќе бидат најзабележителни и следната сезона, но она што особено радува е варијацијата на интензивни бои за кои се надеваме дека момците ќе имаат храброст да ги носат.


SPRINGFIELD јакна - Од 3.199 на 1.999 ден. 

Што се однесува до трендовите, уличната мода годинава укажа на тоа дека кај мажите вистински хит ќе бидат бомбер јакните, а подеднакво посакувани се и тексас варијантите, па доколку сè уште немате вакво парче во плакарот, имате можност да си набавите онлајн уште денес.


REPLAY јакна - Од 12.190 ден. на 8.490 ден. 

Доколку сте од оние кои имаат малку повеќе храброст, односно стилот им го дозволува тоа, тогаш набавете си кожена јакна која секогаш е есенцијален дел од сечија гардероба.

За преодниот период што следи, кога веруваме дека нè очекува нестабилно време во однос на температурите, посегнете по оние полнети јакни кои се создадени за почетокот на пролетта, но уживајте и во сите модели што ви ги предлагаме од кои знаеме дека ќе го најдете вашиот фаворит.


SPRINGFIELD јакна - Од 4.999 ден. на 3.399 ден. 

На fashiongroup.com.mk со сигурност ќе го најдете вашиот совршен модел јакна за периодот што следи, а секој од нив беспрекорно ги следи трендовите во машката мода.


TIMBERLAND јакна - Од 14.990 ден. на 10.499 ден. 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

 

22.01.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.