Барај
Највпечатливите модни моменти на кралицата Елизабета
БЛОГ

Највпечатливите модни моменти на кралицата Елизабета

 

 

На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нарекуваа кралица на стилот.

 

 

Сосема своја, исклучително елегантна и посветена на деталите, за секое појавување и работна посета, таа секогаш изгледаше софистицирано како што и доликуваше на приликата.

Најчесто во внимателно одбрани костими, јаките бои беа нејзин заштитен знак, но секогаш знаеше да одбере и класични британски парчиња како дождовен мантил, дизајнерска шапка, крзнени палта и секогаш, бели ракавици.

Иако навидум едноставна, таа секогаш се обидуваше да најде начин дискретно да оддаде почит на земјата што ја посетува, без разлика дали ја носеше нивната боја или пак знамето на истата во вид на брош или друг украс.

 

 

Токму брошот како детаљ беше нејзиниот заштитен знак низ годините, заедно со црните мини чантички кои секогаш изгледаа толку дамски, но и црните дамски чевлички кои ги одбираше во речиси секоја пригода.

Во раните години на нејзиното владеење не ретко можевме да ја видиме во неодоливо женствени фустани изработени од свила, комбинирани со крзнени палта и впечатливи шноли во косата, за подоцна сите елегантни парчиња ги замени со костими во интензивни бои.

Како што ќе кажат нејзините помошници од палатата, без разлика на пригодата, таа со себе секогаш морала да има чадор што ќе ѝ одговара на облеката, бисерите без кои не сакала да се појави во јавност, кардиганот од чист кашмир и црната чантичка.

Токму овие работи таа ги имала со себе и на последната работна средба со британскиот премиер, само два дена пред смртта, што уште еднаш докажува колку таа ги почитувала своите соговорници и се држела до нејзиниот стил без разлика на здравствената состојба.

Во нејзина чест, на денот кога сите се збогуваат со кралицата, се потсетуваме на некои од нејзините највпечатливи стајлинзи.

 

 
 

 

 

 

 

 

 
18.09.2022.

Слични статии

16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.  
07.
Sep.
2022.
БЛОГ
Кога говориме за насмеани лица и позитивна енергија, тогаш не смееме, а да не ја споменеме продавницата на Fashion&Friends во Ист Гејт Мол каде низ ...