Барај
Наталија Анчевска: Позитивната енергија нѝ е пред сè!
БЛОГ

Наталија Анчевска: Позитивната енергија нѝ е пред сè!

 

 

Она што секој еден од нас го сака кога ќе влезе во некоја продавница е да види насмеани лица кои секогаш се подготвени да нѝ помогнат во потрагата по совршеното парче.

 

 

Кога говориме за насмеани лица и позитивна енергија, тогаш не смееме, а да не ја споменеме продавницата на Fashion&Friends во Ист Гејт Мол каде низ долгогодишното искуство, Наталија Анчевска, придонесува за атмосферата да е и повеќе од топла.

Токму таа и нејзините колеги го прават ова место да биде уште поубаво од она што е, секогаш тука да излезат во пресрет на барањата на клиентите и заедно да ја пронајдат комбинацијата што најдобро ги отсликува.
 

Нејзината љубов кон работата и е повеќе од очигледна, а истата, таа ја надоградува цели 15 години како дел од семејството на Fashion Group.

 










 

 

 

„Мојата приказна во Fashion Group започна сосем случајно и тоа пред цели 15 години. Сосема успешно и посакувано, љубовта кон работата си го направи своето. Сите предизвици со кои се соочуваме на патот кон успехот, се надминуваат единствено со многу вложен труд, ведар дух и како што споменав, љубов кон она што го работите“, вели Наталија.
 

За напредокот во однос на нејзината позиција, таа ќе каже дека е и повеќе од среќна што го постигнала она што го посакувала и дека истото е впрочем надоградување на стекнатото знаење и пренесување на истото.
 

„Брзото секојдневие и самата динамична средина е само мотив повеќе за мене. Она што сметам дека е многу важно за да се издржи и да се успее во напредок во кариерата е ведриот дух, позитивниот став кон нештата, љубезноста кон клиентите и најважно, уживање во секој ден со насмевка“, завршува Наталија.

 

 

 

 
07.09.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.