Барај
Ние ги имаме сите хит кармини за оваа есен!
БЛОГ

Ние ги имаме сите хит кармини за оваа есен!

 

 

Откако вистински го уживавме секој еден ден од летото со најлуди комбинации и нијанси кога е шминката во прашање, сега следи годишното време во кое земјените тонови доаѓаат на прво место!

 

 

Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.

Тоа воопшто не значи дека ќе користиме здодевни кармини, туку напротив, ќе уживаме во изборот на секоја една нијанса, секогаш, со потпис на вашиот омилен бренд за козметика Kiko Milano.

 

 

Најголемите трендови за студената сезона што е пред нас говорат дека омилените бои кај кармините есенва ќе бидат класичната црвена, кафената, нијансата „цигла“ и сите нејзини варијации, како и темно црвената која секогаш толку потсетува на есен.

Она на што вие единствено треба да му посветите внимание е тоа да ја одберете вистинската боја според тонот на вашата кожа и да почнете со славење на сите убави прилики пред вас.

Сезонава, бидете похрабри од кога и да е и не двоумете се да носите црвен кармин и во канцеларија, да го купите оној во кафена нијанса затоа што супер ќе ви стои, па дури да експериментирате со бои како темно виолетова која некогаш знае и да изненади.

Покрај карминот, од исклучително значење е и моливчето за усни кое секогаш го продолжува траењето на карминот и прави усните да ви изгледаат толку уредно.

Низ текстот ги гледате омилените бои кај кармините на трендсетерките и нашиот избор со потпис на Kiko Milano каде секогаш ги наоѓате хит производите на секоја сезона.

 

 
 

 

 

 

 

 

 
13.09.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
07.
Sep.
2022.
БЛОГ
Кога говориме за насмеани лица и позитивна енергија, тогаш не смееме, а да не ја споменеме продавницата на Fashion&Friends во Ист Гејт Мол каде низ ...