Барај
We love to see u back: Ваучер од -20% само за тебе!
БЛОГ

We love to see u back: Ваучер од -20% само за тебе!

 

 

Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер со -20% попуст за следното купување на колекција есен – зима, тогаш ова е најдоброто нешто овој петок!

 

 

Кога говориме за новата сезона, мора да ве известиме дека во нашите брендови пристигнаа ултра шик парчиња без кои не можеме да си замислиме ниту една есенска комбинација.

Почнувајќи од неодоливо стилските палта што ќе ги комбинираме со широки фармерки и свилени кошули, па сè до фустаните со кул принт кои совршено се вклопуваат со високите чизми.

 

 

Ниту една студена сезона не смее да помине без ултра удобни тренерки, а оваа година најфраерските се со потпис на Hugo кои комбинирани со шик патики се совршеното за сите прошетки. 

Како и секогаш, така и оваа есен, лудо сме вљубени во мини чантичките кои сезонава доаѓаат во исклучително неодоливи бои и форми, сосема навреме да ја истакнете секоја комбинација што си ја замисливте. 

Она што едвај го чекаме е да ги видиме и нашите момци во супер шик палта комбинирани со тенки џемперчиња, но и секогаш омилените дуксери во кои тие изгледаат толку добро.

Не заборавајте ниту на модните додатоци кои секогаш знаат на посебен начин да го разубават секој изглед и да остават навистина посебен печат.

Овој петок и викендот се совршено време да си ги обновите парчињата со кои планирате да уживате во есента, а информацијата дека со секоја сметка во нашите продавници добивате come back ваучер со -20% за следно купување е дефинитивно најдобрата досега.

Ве чекаме!

 

 
 

 

 

 

 

 

 
16.09.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.  
07.
Sep.
2022.
БЛОГ
Кога говориме за насмеани лица и позитивна енергија, тогаш не смееме, а да не ја споменеме продавницата на Fashion&Friends во Ист Гејт Мол каде низ ...