Барај
Чантите што сите ги сакаат!
БЛОГ

Чантите што сите ги сакаат!

Како и на облеката, подеднакво внимание во светот на модата секогаш им се посветува и на модните додатоци кои од сезона во сезона стануваат сè подобри.

Кога ќе кажеме модни додатоци, веројатно она што прво ви паѓа на памет се чантите, кои сезонава доживуваат вистински пресврт во однос на моделите.


GUESS чанта - 6.290 ден. 

Се чини ова се случи откако на чело на модната куќа Ботега Венета беше поставен ултра талентираниот 34 годишен Даниел Ли кој минатата година направи неколку модели чанти за кои и денеска има листа на чекање.


Фото: Rosie Huntington - Whiteley Instagram

Фото: Vogue.com

Веројатно погодувате дека неговото најпопуларно дело засега е т.н „The pouch“ чанта, која за кратко стана омилена на познатите дами, а веруваме дека и вам ви се допаѓа поради исклучително интересниот облик.


MANGO чанта - 990 ден. 

Токму во ваквите мали и впечатливи чанти се вљубија голем дел од девојките кои секојдневно ги вметнуваат во нивните комбинации и кои конечно се ослободија од оние волуменозни модели.


MANGO чанта - 990 ден. 

Иако навидум мали, истите се доволно големи за во нив да ви ги собере есенцијалните предмети за во текот на денот како паричник, мобилен телефон и омилениот кармин.


MANGO чанта - 990 ден. 

Некои од вашите омилени брендови веќе создадоа цели колекции на вакви мали чанти за кои знаеме дека ќе најдат примена во вашите комбинации, а денеска ве запознаваме токму со нив.


PARFOIS чанта - 2.090 ден. 

На Интернет, ќе ги најдете под името „croissant bags“ или како најголемиот тренд кај чантите за 2020 година. Она за што знаеме дека ќе се израдувате е тоа што токму ваков модел можете да си набавите онлајн на нашата страна и тоа веднаш!

Подеднакво популарни се и оние мали чанти во лакирано или кожено издание, со минимално ремче и совршени за вечерните излегувања.


PARFOIS чанта - 1.890 ден. 

Доколку пред вас е некоја посебна пригода на која сакате да бидете впечатливи, тогаш покрај slip фустанот, задолжително одберете и микро чантичка во сребрена варијанта.

Ваквите чантички се совршени и за дневните варијанти, а веруваме дека и одлично ќе се вклопат во тренди комбинациите што уживате да ги носите.


GUESS чанта - 7.890 ден. 

Погледнете ги нашите предлози на тренди чанти за 2020 и нарачајте веднаш за да блеснете во полн сјај во новата година.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                      

24.01.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.