Барај
Одберете го омиленото парче од колекцијата на Christian Lacroix за Desigual
БЛОГ

Одберете го омиленото парче од колекцијата на Christian Lacroix за Desigual

Уникатниот бренд Desigual ја здружи креативноста со познатиот француски дизајнер Christian Lacroix за неодолива капсулна колекција.

Како и секогаш, колекцијата е полна свежи и тренди парчиња, а истите ја задржуваат уникатноста со која брендот стана еден од омилените низ годините.

 

Многумина во модниот свет беа изненадени од оваа соработка со оглед на тоа што дизајнерот досега работел само висока мода, но тој ќе каже дека веднаш се поклопиле со вкусовите и знаел дека од заедничката работа ќе излезе нешто исклучително.

 

„Ги сакам Desigual уште многу одамна, кога прв пат ги видов нивните палта низ улиците на Париз. Тогаш, тие ми изгледаа како винтиџ модели од некои од моите стари колекции“, изјави дизајнерот во промотивното видео за колекцијата.

 

Ова е всушност само продолжување на соработката на дизајнерот и брендот, овојпат со капсулна колекција, со оглед на тоа што нивната одлична соработка трае долги години.

„Мора да им го дадете на луѓето не она што го чекаат, туку она што тие сè уште не знаат дека ќе им се допадне. Тоа е Desigual“, ќе каже дизајнерот.

 

За кампањата со која брендот ја промовираше колекцијата минатата година беше ангажирана прекрасната шпанска актерка Најва Нимри која имаше една од главните улоги во планетарно популарната серија La Casa de Papel.

 


Christian Lacroix дизајнира за Desigual

Она за што знаеме дека ќе се израдувате е тоа што сега, дел од парчињата од ексклузивната колекција можете да ги најдете онлајн на www.fashiongroupoutlet.mk и да го комплетирате вашиот уникатен изглед.

За уште поголемо уживање, парчињата нарачајте ги од удобноста на вашиот дом и очекувајте производи со кои ќе ги направите омилените комбинации сезоната што доаѓа. Сите нови парчиња од Desigual можете да ги погледнете на следниов линк.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

11.02.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.