Барај
Корона вирус: Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите!
БЛОГ

Корона вирус: Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите!

Во моментов, вкупно девет лица се заразени со коронавирусот во земјава, а она што е најважно од се, е придржување до мерките и препораките што Светската здравствена организација ги постави при почетокот на заразата.

Од вчера, СЗО прогласи и пандемија на светско ниво, нешто што не се случило од 2009 – тата година, кога поради ширењето на свинскиот грип ситуацијата беше слична.

Главната и најважна порака е водењето грижа за личната хигиена, а со тоа се грижите и за другите. Доколку се уште немате набавено средства за дезинфекција, добро е да го сторите тоа уште денес, бидејќи е најлесен и наједноставен начин за заштита, а не бара многу од вас.

Подеднакво важно во овој момент е смиреноста, набљудување на ситуација, но без паника, грижа за себе и семејството и јакнење на имунитетот, а тоа е нешто на што впрочем треба да работиме секојдневно.

Дадените ситуации да не се користат во своја полза, односно да се избегне групирање во овие моменти, особено на деца и смирено да се помине низ целиот овој предизвикувачки период.

Како и секогаш, нашата компанија се грижи за своите клиенти и вработени, па така нивото на хигиена во сите објекти е на највисоко ниво, редовно се следат препораките од СЗО, а постојано сме во тек со сите новости за навремено реагирање. Куририте кои се грижат вашите пратки секогаш да се навремени, исто така се соодветно опремени според сите препораки на Светската здравствена организација. 

Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува. Дел од препораките од Министерството за здравство се следните:

-Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.

-На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

-Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена можете да ги прочитате насекаде.

За потсетување, во продолжение прочитајте ги најчестите симптоми на коронавирусот и доколку почувствувате било што, веднаш јавете се на следните телефонски броеви:

Кои се симптомите на KОВИД-19?

Најчестите симптоми се треска, кашлање и чувство на губење здив. Во некои случаи, може да има и дигестивни симптоми, како што се дијареја или болки во стомакот. Во посериозни случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија или тешки респираторни тешкотии. Досега, кај сите случаи регистрирани во Македонија симптомите се лесни, а првата пациентка е излечена од вирусот.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

 

12.03.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.