Барај
Давид Мука за BOSS: Нескротлива енергија пресликана во уникатни парчиња
БЛОГ

Давид Мука за BOSS: Нескротлива енергија пресликана во уникатни парчиња

Енергичен, непосреден и исклучително уникатен, музичарот Давид Мука се чинеше како сосема логичен избор при изборот на лице за новата кампања на BOSS.

Очигледно, во изборот и не погрешивме. Тој беспрекорно позираше пред објективот на нашиот фотограф, во парчиња од неверојатната колекција инспирирана од големиот Дејвид Боуви.

Колекцијата едноставно е наречена „Hugo Loves Bowie“, а инспирацијата потекнува од периодот 1977 до 1979 – тата година кога пејачот ја издаде „Berlin trilogy“, или три фасцинантни албуми по ред.

Во колекцијата ќе најдете машки и женски парчиња, стилски модни додатоци, а на маичките на куси ракави пресликани се фотографии од фотосесијата на пејачот за насловната на албумот.

Токму Давид го поседува тој сосема поинаков и бунтовнички дух, па и со право е дел од новата кампања на брендот.

Покрај фотографиите, со него направивме и кусо интервју во кое тој открива што за него значи да биде дел од кампања за еден од најпознатите брендови на светот, потенцира што да носат момците во 2020, но и зошто онлајн купувањето е иднината.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите, но и целото интервју во кое ќе бидете сведоци на одличната атмосфера од снимањето со музичарот чија блескава кариера допрва доаѓа.

-Кој е Давид?

Музичар, креативец, креативна личност...

-Што за тебе значи соработката со брендот Hugo Boss?

Кога ќе помислам на Boss како бренд, музички ме асоцира на сензибилитетот на Дејвид Гилмор од Пинк Флојд.

-Зошто момците во 2020 да носат Boss?

За истата причина поради која го правеле тоа изминатите 60, 70 години.

-Со која песна се разбуди утрово?

Wardruna – Helvegen, тоа е Викишнка музика од Скандинавија.

-Што сакаш да му порачаш на светот преку твојата музика?

Го правам тоа што мислам дека сакам да го чујам од некој друг, односно го правам она што мислам дека му недостасува на светот.

-Соработка со еден музичар и кој?

Веројатно Аурора.

-Кој е твојот Еверест?

Утре.

-Ти се допаѓа ли правецот во кој се движи музиката денес?

Ми се допаѓа тоа што научив да ги користам истите оружја, ама сепак да ги преточам во свои изразувања.

-Што ќе носиш во 2020?

Знам да го носам сето она што ми прилега, да комбинирам доста нелогични работи, знам да комбинирам скафандер со нешто...

-Кои се есенцијалните парчиња што секој треба да ги поседува?

Носете го она што ве прави среќни, мислам дека само тоа е тоа што треба да го правите.

-Имаш ли навика да купуваш онлајн?

Купувам онлајн, искрено најчесто кога сум надвор од државава заради царини и слично, но да практикувам купување онлајн, бидејќи секогаш ми е полесно, побрзо и поефикасно.

-Зошто луѓето да се одлучат за онлајн продажба во 2020?

Бидејќи ќе скратат многу време, а знаеме времето е успех, времето е работа, ќе го скратат патот до она што сакаат да го имаат, бидејќи ќе им биде донесено до дома.

Модел: Давид Мука

Облека и додатоци: Hugo Boss

Фотографија: Стоилковски Бојан

Видео: Филип Пашоски

Шминка: Зоран Шурбевски

Фризура: Октај Сејди

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

 

19.03.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.