Барај
Важно известување за нашите клиенти
БЛОГ

Важно известување за нашите клиенти

Почитувани клиенти,

Согласно ситуацијата со корона вирусот, Ве известуваме дека нашата онлајн продавница останува отворена и дека секогаш вие и вашето здравје сте нашиот приоритет.

Поради тоа, ве известуваме дека сите доставувачи од компанијата Еко Логистик се целосно заштитени и опремени, а од оваа недела започнавме и со бесплатна достава само за вас.

Во овие моменти ве замолуваме да имате разбирање, ние сме тука за вас 24/7, но поради големиот број на нарачки, некогаш не можеме да одговориме навремено.

Поради тоа, се извинуваме однапред и ве молиме за разбирање, сите ваши нарачки се навремено процесирани и испратени, а рокот за достава како и досега останува од три до пет дена.

Секогаш сме тука за да ви излеземе во пресрет, но во овие моменти ве известуваме дека нарачките кои сакате да ги замените, можеби минимално ќе се пролонгираат, но секако, се ќе биде уредно завршено.

Истото важи и за рефундација на средствата, за што ве известуваме дека ќе бидат вратени исто како што беше случај и претходно.

Она што треба да го направите е да испратите мејл со вашето барање на info@fashiongroup.com.mk за полесна и побрза комуникација.

Останете дома бидејќи таму сте најбезбедни, а на тој начин се грижите и за здравјето на останатите и секако, помагате што побрзо да се надмине кризната ситуација.

Fashion Group секогаш ги става клиентите на прво место, па поради тоа ве замолуваме добро да се грижите за вашето здравје и трпеливо да останете во вашите домови, како би можеле да уживаме во убавиот период што следи.

Само за вас, секојдневно имаме одлични промоции со кои сакаме да ви покажеме дека се грижиме за нашите клиенти и во време на криза, а она што останува на вас е безбедно да нарачате онлајн и трпеливо да ја дочекате вашата нарачка.

Ви посакуваме добро здравје!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                        

 

21.03.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.