Барај
Пролетни модни додатоци што ќе ги разубават вашите фризури
БЛОГ

Пролетни модни додатоци што ќе ги разубават вашите фризури

Нема ништо поубаво од средена коса која пред се изгледа здраво, а потоа и соодветно за пригодата, но понекогаш, едноставно немаме време да и посветиме многу внимание.

Особено, тоа се случува во раните утрински часови кога се подготвуваме за на работа и сакаме нашата коса да изгледа совршено.

Понекогаш, едноставните фризури се најсоодветни дури и за најсвечената прилика, па доколку истите ги украсите со шик моден додаток, тогаш имате полн погодок.

Можеби секогаш, пуштената коса за сите девојки доаѓа на прво место, но се случува истата фризура да ни здодее, па да сакаме да ја надоградиме со нешто стилско.

Токму такви модни додатоци има во новите колекции на нашите брендови, а пред се во Parfois и Mango, па денеска направивме специјална селекција за вас за да го разубавите секој следен изглед.

Во истите ќе најдете голем број на уникатни шноли, венчиња кои никогаш не излегуваат од мода, шапки совршени за овој период од годината, како и специфични панделки кои ќе направат секој ваш изглед да се издвојува од останатите.

Она што ние, а и тренди девојките ширум светот го обожаваме во овој момент е messy фризурата, без разлика дали станува збор за брановидна и пуштена, или пак некоја интересна пунџа. Подеднакво популарно е и репчето украсено со додаток налик на марама, па токму тие се и едни од најбараните и омилените кај нашите клиентки.

Денеска ви предлагаме неколку неодоливи модни додатоци кои знаеме дека ќе ги обожавате, а можете да си ги нарачате уште денеска.

Новите парчиња ќе бидат совршен изговор за да ја средите кутијата со накит и додатоци додека сте дома.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

24.03.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.