Барај
Мирко Табашевиќ – Фотографот зад пролетните кампањи на Fashion Group
БЛОГ

Мирко Табашевиќ – Фотографот зад пролетните кампањи на Fashion Group

Енергичен, непосреден и исклучително професионален – вака некако би го најавиле Мирко Табашевиќ, фотографот кој направи вистински уметнички дела од пролетните кампањи на Fashion Group.

Она со што не освои од прва беше неговата неверојатно позитивна енергија со која и ја водеше секоја фотосесија, но и односот со моделите кои во ниту еден момент не се посомневаа во она што тој го прави.

Зад себе има импресивно портофолио богато со едиторијали на некои од најпознатите српски магазини и познати личности, а сега беше вистинско време неговата работа да ја видиме и во Скопје.

Маја Михајловиќ за Fashion &Friends - Фото: Мирко Табашевиќ

За тоа како дојде до соработката со Fashion Group, кои се триковите за совршена фотографија и што ќе беше ако не работеше како фотограф, читате и гледате во кусото интервју со еден од најпознатите српски фотографи, Мирко Табашевиќ.

Манго кампања 2020 - Фото: Мирко Табашевиќ

1.Кој е Мирко?

Човек кој што ја обожава својата работа, инаку работам фотографија и се што е врзано со визуелниот идентитет.

2.Како дојде до соработката со Fashion Group?

Јордан е фантастичен лик и искрено ме купи со неговата снага, со спремноста и со неговите менаџерски способности...

3.Што за Вашето портфолио значи соработката со Fashion Group?

Секоја соработка со бренд кој што е светски познат, за секого значи многу. Секој што ќе каже поинаку, греши.

4.Што е она што ја прави фотографијата совршена?

Совршена фотографија по мене не значи точност. За мене, совршената фотографија е емоција и целата таа приказна околу совршената фотографија се состои во тоа дали јас навистина го чувствувам она што некој сака да го каже.

5.Побарал ли некој клиент од Вас да не ја обработувате неговата фотографија?

Јас навистина би сакал тоа да е така, бидејќи тоа се светски трендови, но нема шанси. Едноставно, живееме во такво време каде сите бараат совршенство и ние полека се губиме во тоа.

6.Која е границата помеѓу вулгарноста и убавината?

Мислам дека секоја фотографија може убаво да се спакува, иако може да станува збор за некоја еротска фотографија и тоа зависи од многу работи меѓу кои и моделот, пристапот, обработката, кадрите, окружувањето, едноставно целата приказна.

7.Што ќе бевте да не работевте како фотограф.

Готвач.

8.Што сакате да му покажете на светот преку Вашите фотографии?

Една ситуација е тоа што јас сум комерцијален фотограф и тогаш сакам да влезам во главата на оние кои ме ангажираат. Мене ми е важна нивната визија и нивниот пристап. Од друга страна, мене фотографијата без емоција ништо не ми значи.

9.Која е личноста која сакате да ја фотографирате?

Се надевам дека сопругата нема да го слуша ова. Шакира.

10.Имате ли навика да купувате онлајн?

Да имам некој поинаков конфекциски број и тоа како би го купувал, затоа што знам дека иако во мојата куќа се кажува дека не се купува, сепак тоа не е точно, затоа што мојата сопруга купува.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                      

06.04.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.