Барај
Се враќаме во канцеларија со стил!
БЛОГ

Се враќаме во канцеларија со стил!

Откако повеќе од два месеци поминавме во изолација, веќе е време полека да почнеме да се враќаме на старите навики, а тоа значи и враќање во канцеларија.

Иако се чини дека повеќе ништо нема да биде исто, еден аспект на кој се радуваме е излегувањето од дома, дружбата со колегите и пријателите и секогаш, комбинирањето парчиња за стилски изглед во канцеларија.

Поголемиот дел од пролетта ја поминавме дома, но тоа не значи дека не ни останаа прекрасни сончеви денови на кои секогаш се радуваме, а кои подразбираат лежерни фустани, стилски костими и удобни сандали.

Денеска ќе ви ја олесниме потрагата по совршените пролетни стајлинзи за на работа, а сите парчиња што ќе ви ги предложиме, само сега, може да си ги нарачате онлајн на неодолив попуст.

Оваа топла сезона девојките повторно се вљубени во стилските фустани кои овојпат доаѓаат во уште поубави дезени и форми како никогаш досега.

Подеднакво привлечни како и секогаш се женските костими кои се чини дека никогаш нема да излезат од мода, а пролетта е и повеќе од совршена за комбинирање на истите во супер нежни бои. Пролетва дополнително украсете ги со впечатливи чевли на потпетица и внимателно одбрани модни додатоци.

Романтичарките секогаш се враќаат на белите нијанси, овојпат прикажани преку впечатливите тантелни кошули и оние изработени од ултра пријатен материјал.

Доколку сте од оние кои обожуваат едноставни кроеви, на нашата онлајн продавница ќе најдете исклучително неодоливи панталони кои можете да ги комбинирате со кошули во било која боја или соодветни палта и секогаш да изгледате средено и елегантно.

Ако работата ви дозволува, не заборавајте дека секогаш ќе изгледате шик доколку кошулите ги носите со фармерки со широк крој кои и оваа сезона се ултимативен хит кај девојките.

Дозата инспирација за елегантни и шик деловни комбинации ја имате во прилог, па побрзајте и уште денес нарачајте си ги вашите фаворити.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

 

13.05.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.