Барај
Стилски комбинации на принцезата Дајана што ги носиме и денес
БЛОГ

Стилски комбинации на принцезата Дајана што ги носиме и денес

Принцезата Дајана дефинитивно е една од оние дами на кои ни текнува секогаш кога говориме за мода и стил.

Таа беше една од ретките со секогаш непогрешливи комбинации, умееше да експериментира со стилот и притоа никогаш да не изгледа вулгарно, а беше и омилена на многу светски дизајнери.

Иако понекогаш осудувана за либералниот стил несвојствен за принцезите дотогаш, Дајана беше исклучителна дама која ги спојуваше и најуникатните парчиња и секогаш изгледаше совршено.

За тоа е доказ и фактот дека и денеска, голем дел од познатите дизајнери и high street брендови се инспирираат од Лејди Ди во креирањето на нивната понуда.

Постојат неколку парчиња по кои таа беше позната и кои останаа вистински класици, а кои девојките обожаваат да ги комбинираат и денеска.

По тој повод, се потсетуваме на некои од нејзините најпознати стајлинзи кои се уште се вистински хит и полн погодок и за модерните девојки, а парчињата можете да ги нарачате уште денес на нашата онлајн продавница.

Фармерки + бела кошула

Комбинација која принцезата Дајана ја обожуваше и ја сметаше за исклучително стилска, а која и денеска совршено изгледа, особено во оние денови кога немате многу време, а сепак сакате да изгледате дотерано.

Фармерки/панталони + стилско палто

Дајана беше вљубеничка во фармерките кои секогаш беа нејзини сојузници, а подеднакво стилски изгледаше и во панталони. Кога овие модели ќе ги споите со впечатливо палто, имате шик комбинација за на работа и за многу други пригоди.

Дуксер + хеланки

Принцезата Дајана имаше исклучителна фигура, па следствено, изгледаше одлично во хеланки. Комбинацијата дуксер и хеланки/бермуди беше нешто во што таа уживаше за време на прошетките и вежбањето.

Навидум едноставен, но впечатлив фустан

Веројатно сите го паметите уникатниот и впечатлив фустан што Дајана го носеше вечерта кога принцот Чарлс призна дека е во врска со Камила, па многумина го нарекоа „фустан за одмазда“. Во комбинација со впечалив накит, малиот црн фустан секогаш раскажува добра приказна.

Долг свечен фустан + едноставен накит

Секогаш кога одбирате долг фустан што го сметате за впечатлив, комбинирајте го со минималистички накит за да му оставите простор на фустанот да „сјае“. Обетките со светкав сјај се сосема доволни за надополнување на ова парче. Дајана тоа го правеше совршено.

Кошули со впечатлив принт

Дајана секогаш беше одличен пример за поставување трендови, а некои се меѓу омилените и денеска.

Онлајн шопингот секогаш е добра терапија, особено во вакви облачни денови, па да го разубавиме овој четврток уште сега.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

 

28.05.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.