Барај
Style of the day – office look
БЛОГ

Style of the day – office look

Топлата сезона со себе носи многу предизвици, а еден од нив е и создавањето на стилска комбинација за на работа која во себе вклучува елегантни парчиња.

Она на што пред се треба да му посветите внимание е материјалот од кој се изработени парчињата за да може да уживате дури и во кошулата на долги ракави во текот на целиот ден.

Секако, тука се и лежерните здолништа до под колена кои се соодветни за топлите денови, а исто така и за извршување на сите работни обврски во текот на денот.

Во зависност од вашето работно место, секогаш обидете се да задржите доза елеганција во секоја направена комбинација, па така, ако одберете џинс, комбинирајте го со некоја впечатлива кошула и стилски модни додатоци.

Денеска, ви нудиме три комбинации соодветни за секојдневните работни обврски, составени од различни парчиња за сечиј вкус од кои знаеме дека ќе ги одберете вашите фаворити.

Доколку сте од оние кои сепак на крајот се одлучуваат за панталони, обидете се да одберете некои во интензивна боја во име на летото и комбинирајте ги со уште поубава, флорална кошула.

Кога на оваа комбинација ќе и додадете високи потпетици и елегантна чанта во темно сина боја, ќе биде совршената за состаноци и работни обврски во текот на целиот ден. Дополнително, истакнете ја со накит во златни нијанси, овојпат, впечатлив часовник и шармантни обетки.

За романтичните дами, плисираното цветно здолниште во темно црвена боја со розови детали е вистинско исполнување на сонот, а денеска истото го разубавивме со лежерна кошула во нежна нијанса. Иако со долги ракави, кошулата е изработена од пријатен материјал и доволно удобна за да се справите со високите температури.

По цела зима помината во чизми, сега дојде моментот кога можеме да ги искористиме сите предности кои сандалите ги носат со себе.

Поради тоа, стилската комбинација денеска ја дополнивме со сандали на потпетица со ремчиња во иста нијанса како кошулата и модни додатоци неверојатно шармантни. Носиме мини чантичка во нежна летна боја и впечатливо слатко ланче во еден од најпосакуваните модели летово.

Не смееме да заборавиме ниту на вљубеничките во фустаните кои деновите би ги поминале во ова прекрасно парче. Неодоливиот розов фустан со плисиран долен дел го комбинираме со тенок ремен на половината за дополнително да ја истакне формата на телото. Носете го со крем сандали и стилска чанта во малку појака розова нијанса и очила за сонце во топлите денови што доаѓаат.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

08.06.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.