Барај
Style of the day – everyday look
БЛОГ

Style of the day – everyday look

Понеделникот секогаш е ден кој со себе носи многу предизвици, а меѓу нив е и пронаоѓањето на совршена комбинација.

За целиот процес да биде поедноставен, а вие ултра стилски, одвојте малку време во текот на викендот и направете неколку стајлинзи што ќе ви послужат во текот на целата недела, без разлика дали станува збор за работа, прошетка или пак завршување на некои обврски.

Топлите денови секогаш се можност за „играње“ со принтовите и боите, па денеска за вас издвоивме неколку комбинации полни боја комбинирани со смирени нијанси.

Сите стајлинзи се совршени за на работа, а истовреме и за кафе со пријателките, семеен ручек или пак некоја интимна, семејна прослава на која допрва ќе и се радуваме.

Во овие комбинации ќе ги пронајдете вашите фаворити за топлите денови, па дополнително, ќе можете и сами да си направите нови стајлинзи.

Со промена на додатоците како чевлите или чантите со кои ние дополнително ги истакнавме комбинациите, ќе имате сосема нов изглед секој ден од неделата.

Сите три комбинации се сосема различни, па така можете да одберете од онаа со цветна сина кошула и секогаш беспрекорните бели панталони или пак да уживате во лежерноста на разиграниот фустан со принт, а секако и да бидете дива со овој впечатлив модел на панталони комбинирани со едноставен бел топ.

Без разлика која комбинација ќе ја одберете, бидете сигурни дека ќе бидете стилски во текот на целата недела. Кој е вашиот фаворит?

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

15.06.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.