Барај
Во четврток носиме – флорален принт!
БЛОГ

Во четврток носиме – флорален принт!

Летото е единствената и совршена сезона кога без проблем, во секој момент можеме да носиме парчиња со цветен принт и да не се грижиме за тоа.

Очекувано, дизајнерите на познатите high street брендови сезонава создадоа многу парчиња полни флорален принт кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Нема поубаво чувство од лежерно цветно парче во лето, па без разлика што и да одберете од нашата цветна колекција, ќе бидете супер впечатливи.

Во истата, само за вас ги сместивме најпрекрасните парчиња од сите наши брендови кои се љубов на прв поглед.

Подгответе се за долгото, топло лето на кое сите толку му се радуваме со стајлинзи полни парчиња какви што заслужувате.

Некако, кога мислиме на лето, првото парче што секогаш ни доаѓа на ум е впечатливиот фустан, а токму такви ние ги имаме во изобилство.

Подеднакво привлечни и секогаш соодветни за романтичните летни денови се и комбинезоните кои може да ви послужат и како совршен избор за некоја посебна пригода.

Оваа колекција не ги изоставува ниту момците, па ова лето експериментирајте со шик цветна кошула на куси ракави за која повеќе нема правила дека мора да ја носите само на плажа!

Доколку сте од оние пак кои летото секогаш ги асоцира на маички на куси ракави, палетата на принтови и нијанси оваа сезона е исклучителна.

Во ниту еден момент не помисливме оваа колекција да не ја надополниме со детски парчиња, а ведрите бои и цветниот принт се нешто на што тие секогаш му се радуваат.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:
                                               

17.06.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.