Барај
Style of the day: Во лежерни комбинации на плажа!
БЛОГ

Style of the day: Во лежерни комбинации на плажа!

Нема ништо поубаво од лежерен стајлинг во комбинација со миризлива плажа, додека уживаме во пријатниот ветер и секако, друштвото на најблиските.

Иако летниот одмор годинава доби сосема нова и неочекувана димензија, тоа не значи дека не треба да си подготвиме неколку стајлинзи во кои ќе уживаме сите денови на одбраната дестинација.

Она на што прво треба да му посветите внимание е сите комбинации да бидат изработени од пријатни материјали за да може максимално да уживате во деновите поминати покрај вода.

Познатите девојки ова лето ги обожаваат неутралните нијанси па така за стилски ден на плажа одбираат бели кошулки во комбинација со шик костим за капење, фустани во пруги, впечатливи сандали и секогаш, неодоливи модни додатоци.

Фустан: Mango, Торба: Parfois, Сандали: Geox  @karinastylediaries

Ако го одбравте костимот за капење во кој се вљубивте од прва, следни на листата се парчињата во кои ќе уживате додека ја истражувате дестинацијата што ја одбравте.

Нашите брендови нудат огромен избор на лежерни летни парчиња изработени од совршени материјали за топлите денови, а истовремено и толку шик.

Фустан: Springfield, Шапка: Parfois, Очила за сонце: Parfois  @Lilylovesfashion 

Веќе знаете дека меѓу омилените на летната листа се и широките фустанчиња со волумензони ракави, кои се како создадени за вечерните прошетки, секогаш надополнети со удобни папучи или сандали.

Кошула: Mango, Костим за капење: Women'Secret, Папучи: Mango  @mirenalos

Погледнете ја нашата неодолива летна понуда полна нови и стилски парчиња, а од денеска направете си и одличен шопинг во рамки на акцијата Golden Hour во која само за вас, сместивме парчиња од колекцијата пролет-лето 2020 на намалување до -50%.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

20.07.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.