Барај
Style of the day: Сонуваме во магични бели комбинации!
БЛОГ

Style of the day: Сонуваме во магични бели комбинации!

Нема ништо поубаво од неодолива бела боја во комбинација со прекрасен летен ден, па ако сте од оние обожаватели на неутралните нијанси, денешните предлози се токму за вас.

Вистинска инспирација кога говориме за стајлинзите во бели нијанси е германската блогерка Сара Кунѕ која секојдневно ги радува нејзините обожаватели со исклучително шик комбинации.

Едноставна, женствена и секогаш толку нежна, белата боја е како создадена за летото и за сите оние моменти кога се двоумите што да облечете, а сепак да оставите впечаток.

Фустан: Guess, Обетки, ланче: Parfois 

Она поради што дамите ја обожаваат, е тоа што е совршена за секоја пригода – комбинирајте џинс со бела кошула за секојдневните обврски, бело фустанче за ултра топлите денови, но и бел костим за капење за незаборавен ден на плажа.

Доколку сте од оние кои обожуваат да комбинираат фустани за на работа, дополнително, украсете ги со впечатливо парче накит, шапка и секогаш добри сандали.

Фустан, сандали: Mango. Ланче, алка, прстен: Parfois 

Сите парчиња од нашите брендови се посебни на свој начин и раскажуваат совршена летна приказна, па зависи од вашите желби, денеска одберете го новото омилено парче во бела нијанса.

Токму овие парчиња се оние за кои по неколку години ќе говориме дека се вистински класици, па инвестиција во истите е секогаш добра одлука.

Топ, панталони: Mango, Алка: Parfois 

За да ви ја направиме потрагата уште полесна, направивме колекција со парчиња во бели нијанси со кои стилските моменти се загарантирани!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

 

27.07.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.