Барај
Сите парчиња без кои не смеете да го завршите летото!
БЛОГ

Сите парчиња без кои не смеете да го завршите летото!

 

Иако ова лето според сите критериуми беше сосема поинакво од она на што сме навикнати досега, сепак, мора да признаеме дека во ниту еден момент не ја изгубивме желбата за дотерување.

И додека брендовите веќе почнаа да ги прикажуваат новите колекции поради кои толку и се радуваме на есента, постојат неколку клучни парчиња без кои не можете да го завршите летото.

Станува збор за супер ефектни парчиња, вистински класици на кои секогаш им се враќаме одново и ни го „ловат“ погледот кога и да го отвориме плакарот.

Кога говориме за женска елеганција, прво нешто што ни паѓа на памет се лежерните фустани изработени од фини материјали соодветни за разни пригоди. Кога на истите ќе им додадеме стилска чанта која секоја жена ја посакува и едноставни, но секогаш привлечни чевли, тогаш ја имаме вистинската комбинација во која ќе сакаме да го поминеме секој ден од летото.

Она што веројатно и вие го забележавте е дека момците оваа сезона се похрабри од кога и да е, па летово, класичната бела кошула ја заменија за уникатни парчиња со шик принт.

Подеднакво уживаат и во елегантните комбинации, оваа сезона со малку поинаква стилска нота преточена во уникатни кроеви во светли нијанси прикажани преку шик елеци, панталони и палта.

Удобноста пред се! Омилените патики од нашите брендови никогаш не биле подостапни, сега на неодолив попуст што не смеете да го пропуштите, а одлична инвестиција за сите студени денови пред нас.

Овозможете им и на најмалите вистинско уживање во летото со слатките модели на Окаиди изработени од најмеки материјали какви што само тие заслужуваат.

Ние направивме уникатна селекција на производи од нашите брендови без кои не смеете да го завршите летото и ги сместивме во колекција наречена „Наш избор“. Погледнете ја и одберете го вашиот фаворит уште денес!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

 

07.08.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.