Барај
Style of the day: Сите обожаваат фармерки!
БЛОГ

Style of the day: Сите обожаваат фармерки!

 

Веќе кон крајот на летото, модните брендови со задоволство ни ги претставуваат новите колекции со кои ќе се „топлиме“ во текот на студената сезона.

Постои едно парче на кое секогаш му се враќаме во оние моменти кога не сме сигурни за одбраната комбинација и со кое никогаш не можете да погрешите – стилски џинс!

Фармерките се избор број еден на многумина, особено во утринските часови кога единствено сакаме да изгледаме средено и тоа да го направиме на најбрз можен начин.

Фармерки: Springfield, Сандали: Parfois, Чанта, кошула: Mango

Надополнети со шик кошула или маичка на куси ракави и внимателно одбрани модни додатоци, фармерките се совршен избор за бројни пригоди.

Постојат безброј модели со кои можете целосно да ја трансформирате секоја комбинација, а новите колекции на нашите брендови ви нудат сосема нови парчиња фармерки што ќе ги обожавате во било која сезона.

Фармерки: Springfield, Чанта, маичка: Mango, Сандали: Parfois

Оваа есен е дозволено буквално се, па без разлика на тоа кои модели уживате да ги носите, денеска подготвивме неколку комбинации од кои можете да си го одберете вашиот фаворит.

Во истите сместивме едноставни и тесни модели кои дополнително ги истакнавме со омилените модели на кошули и маички за оваа сезона, но вметнавме и широки кои секогаш имаат еден ултра шик ефект.

Фармерки, маичка: Mango, Чанта: Replay, Патики: Premiata

Сега е вистинско време да започнеме со креирање на нашата модна есенска приказна исполнета со неодоливи парчиња на кои секогаш одново ќе им се радуваме.

Доколку се уште не успеавте, на следниов линк погледнете ги новите производи од нашите брендови каде ќе најдете совршени парчиња почнувајќи од секојдневни шик модели, па се до вистински класици.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

10.08.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.