Барај
Овој понеделник се дотеруваме за себе!
БЛОГ

Овој понеделник се дотеруваме за себе!

Го купивте ли парчето со кое се сретнавте онлајн и му се враќавте одново и одново? Ако одговорот на ова прашање е не, тогаш овој понеделник е само за вас!

Понекогаш, шопинг терапијата е се што ни треба, а времето посветено на себе е бесценето.

Само за вас, направивме специјална селекција на стилски производи кои се како создадени за оние денови кога сакате да изгледате навистина посебно.

Шик и тренди, парчињата во оваа одбрана листа раскажуваат една сосема поинаква приказна и се совршени за посебни пригоди, кои иако во последно време ги немаме многу, секогаш може да уживаме во друштво на најблиските.

Времето е се уште одлично за лежерни фустани, впечатливи топ маички и лелеави здолништа во летни бои и принтови, па вметнавме токму такви производи од нашите брендови.

Поло маичките, совршено скроените кошули и стилските панталони се секогаш добар избор за момците во оние денови кога сакаат да остават посебен впечаток или едноставно, сакаат да се дотераат за себе.

Потрагата за модна инспирација ја имате пред вас, а без разлика на тоа кое парче ќе го одберете, надополнете го со ваш избор на модни додатоци кои секогаш се од исклучителна важност.

Подеднакво важна е и долната облека во секоја комбинација која мора да биде изработена од квалитетни материјали, а во нашата селекција ќе најдете неодоливи модели.

Сосема на крај на секоја комбинација, посебно внимание треба да им посветите на чевлите, бидејќи без нив ниту еден стајлинг не е целосен.

Започнете ја неделата во најстилските парчиња со кои уживаме во последните денови од омиленото лето, додека сме во исчекување на уште поубавата есен.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:


 


                                        

14.08.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.