Барај
За стилските носталгичари: Шик колекција Levi’s x Snoopy!
БЛОГ

За стилските носталгичари: Шик колекција Levi’s x Snoopy!

 

Доколку ви требаше нешто да ви го разубави тешкиот понеделник по прекрасниот, продолжен викенд, тогаш ова е текстот за вас.

Ако сте фанови на Levi’s, тогаш знаете дека планетарно популарниот бренд често не радува со интересни соработки и резултатите ги прикажува преку ултра шик парчиња облека на кои им се радува целиот свет.

Овој пат, компанијата се спои со иконскиот бренд Peanuts зад кој стои легендарниот Чарлс Шулц кој во минатото создаде некои од омилените цртани ликови меѓу кои и слатките Чарли Браун, Луси и Снупи.

Се чини омилениот и најголем спортист од нив, Снупи, заслужено го најде своето место на парчињата од новата капсулна колекција на Levi’s која ќе ја гледаме секаде низ светот оваа есен.

Дизајнерите на брендот во истата сместија шик унисекс маички на куси ракави, дуксери во кои ќе посакате да ја поминете цела студена сезона, но и тренерки за оние со спортски дух.

Ексклузивно, парчињата можете да ги најдете и на нашата онлајн страна, како и во продавницата на Levi’s во Сити Мол.

Дуксер, патики: Levi's 

Во колекцијата посебно се истакнуваат и тренерките инспирирани од Олимпијата во Лос Анџелес од 1984 – тата година, на кои суптилно е извезен ликот на Снупи. Токму ова парче е едно од омилените на обожавателите на брендот, бидејќи истовремено е толку ретро, но и толку шик.

Тренерки, патики: Levi's

Подеднакво привлечен е и дуксерот специјално изработен за најголемите фанови на Снупи, по чија површина целосно е распространет неговиот лик.

Дуксер, патики: Levi's

Ако оваа есен баравте некое кул парче што на посебен начин ќе ги одбележи деновите, тогаш ова е вистинската колекција за вас!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

31.08.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.