Барај
Во четврток носиме: Кул неон парчиња од новата колекција на Diesel!
БЛОГ

Во четврток носиме: Кул неон парчиња од новата колекција на Diesel!

 

Кога ќе се спомене зборот кул, единствениот бренд што прво ни доаѓа на ум е Diesel! Дека нивните парчиња се екстремно уникатни, докажаа и со последната, пред-есенска колекција за 2020 година во која вметнаа производи од кои нема да сакате да го тргнете погледот.

Познати по неочекуваните комбинации на материјали, дизајнерите на брендот и овојпат споија нешто неверојатно, за на крајот да бидеме сведоци на одлично завршен експеримент.

Земајќи ги во предвид изјавите на првите луѓе на брендот, дизајнерите овојпат се инспирирале од криминалистичката драма River’s Edge од 1988 – та година, а едиторијалот за колекцијата само го потврдува тоа.

Доколку сте од помладата генерација, веројатно и не се сеќавате на насловот, но кога би ги погледнале фотографиите и комбинациите што шармерот Киану Ривс ги носи во филмот, тогаш се ќе ви стане јасно.

Појдовна точка и се чини најголем фокус во целата колекција се неонските бои со кои се надополнети нивните познати парчиња во темни нијанси, а овојпат посебни неон вибрации пренесоа и во патиките кои се must have за пред есенската сезона.

Diesel: Јакна, фармерки, патики

Во колекцијата ќе најдете и елементи од 90- тите, но дополнително истакнати со детали од денешната култура проткаени и прикажани низ женските кошули и фустани, јакните за момците со уникатен стил, но и модни додатоци за комплетирање на изгледот.

Diesel: Кошула, фармерки, патики

Иако експериментира, и во оваа колекција брендот се враќа на корените и создава исклучително добри модели на фармерки како женски, така и машки со микс на материјали.

Diesel: Дуксер, патики, панталони

Оваа колекција е сосема совршена за момците и девојките со уникатен стил и за оние што сакаат да се впечатливи и да се издвојат од толпата оваа есен.

Diesel: Дуксер, тренерки, патики 

Парчињата нарачајте ги онлајн или посетете ја продавницата на Fashion&Friends во Скопје Сити Мол.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

03.09.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.