Барај
Чизмите поради кои едвај ја чекаме есента!
БЛОГ

Чизмите поради кои едвај ја чекаме есента!

На чекор пред есента, кога конечно се збогуваме со високите температури и уживаме во свежите утра што доаѓаат, вистинско време е да го најдеме совршениот сојузник за новите патеки пред нас.

За да уживаме во предизвиците што доаѓаат, она на што треба да му посветиме вистинско внимание се добрите обувки, а што ако не шик чизми во есен!

Дека оваа есен ќе биде постилска од кога и да е, покажуваат новите модели чизми од последните колекции на познатите high street брендови, а меѓу нив и парчињата од нашите кои знаеме дека ќе ви остават особен впечаток.

Токму чизмите и капутите се парчиња во кои единствено вреди најмногу да се инвестира кога е студената сезона во прашање и кои всушност ќе бидат првите моменти со кои ќе оставите впечаток каде и да се појавите.

Здолниште: Guess, Џемпер: Mango, Чизми: Timberland

Иако омилени пред неколку години, оваа сезона како еден од најголемите трендови се истакнаа чизмите до колена кои секогаш изгледаат толку стилски. Без разлика дали се вљубивте во долгите или куси фустани оваа сезона, овој модел на чизми ќе додаде совршена доза на елеганција во секоја ваша комбинација.

Фустан, јакна: Mango, чизми: Steve Madden 

За дамите кои секогаш им се враќаат на рамните чевли, оние со врвки и оваа сезона останаа да сведочат дека удобноста и трендот одат заедно, но има и такви на навлекување кои ќе му дадат урбана доза на секој стајлинг.

Подеднакво привлечни и исклучително важни во неодоливата студена сезона се капутите и јакните, а ако сте од оние кои секогаш сакаат нешто повеќе, бундата во боите на есента е магичен избор за стилски печат.

Фустан: Diesel, Бунда: Desigual, Чизми: Mango

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

21.09.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.