Барај
Носиме Levi’s по примерот на Џастин Бибер
БЛОГ

Носиме Levi’s по примерот на Џастин Бибер

 

Веројатно не постои друг бренд кој што има кул следбеници како што е случајот со Levi’s, а на нивната екипа од неодамна се придружи можеби најслаткиот – Џастин Бибер.

Откако неговата сопруга Хејли се појави како заштитно лице на нивната Levi’s 501 кампања и донесе огромен број млада публика на култните фармерки, сега е време тој да ја привлече неговата публика.

Со оглед на тоа што парчињата налик оние од 90 – тите почнуваат исклучително да се популаризираат, не е ни чудо што брендот доби огромно внимание на социјалните мрежи.

Подеднакво популарни во овој момент се маичките на куси ракави на кои брендот го испиша зборот „Гласај“ поврзан со историските избори во САД овој ноември.

Но, се чини најголемо внимание доби фотографијата што младиот пејач ја објави на неговиот Инстаграм профил, а за чии потреби носи едно од најпопуларните Levi’s парчиња, тексас јакната, која е како создадена за есенската сезона што доаѓа.

Подеднакво популарни се и женските тексас јакни кои неговата сопруга, но и познатите девојки ширум светот ги обожаваат, а оваа сезона истите добија сосема нов изглед со неодоливото крзно додадено во пределот на јаката.

Оваа студена сезона што доаѓа, бидете стилски по примерот на Џастин и Хејли, а производите од Levi’s што ги гледате во прилог се совршени за тоа.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

23.09.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.