Барај
Совршената есенска комбинација од Манго ја носи Кејти Холмс!
БЛОГ

Совршената есенска комбинација од Манго ја носи Кејти Холмс!

 

Нема ништо поубаво од удобна есенска комбинација во која ќе уживаме во секој студен ден од најубавата годишна сезона.

Како сето тоа треба да изгледа ни покажа прекрасната актерка Кејти Холмс која за дневната прошетка со нејзиното момче Емилио Витоло се одлучи за ултра удобно парче од омилениот high street бренд на девојките – Манго.

Покрај класичното стилско карирано палто и едноставната, но секогаш привлечна бела маичка на куси ракави, во есенската комбинација актерката вметна памучни панталони налик тренерки во неодолива крем нијанса.

Она што е добро кај овие шик панталони е тоа што истите можете да ги носите со едноставни бели патики како што таа го направи тоа, но и со кул чизми за повпечатлив изглед.

За да ви ја олесниме потрагата по овие супер стилски парчиња, ние направивме лежерна комбинација составена од речиси идентични производи кои заедно, но и засебно, се совршен избор за било која есенска пригода.

Носете ги на работа, доколку средината ви го дозволува тоа, уживајте во прошетката во парк со семејството, истражувајте ја природата со удобни чевли и дуксер, но и експериментирајте, па дополнете ги со впечатлива блузичка и соодветни чизми за излегување.

Погледнете го нашиот избор и направете ја вашата неодолива есенска комбинација со која ќе бидете вистинска стилска икона како Кејти Холмс!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

24.09.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.