Барај
Како ги комбинираме парчињата од еко – кожа оваа есен?
БЛОГ

Како ги комбинираме парчињата од еко – кожа оваа есен?

 

Веројатно есента е совршеното време што ни дозволува експериментирање со стилот и комбинирање на повеќе парчиња одеднаш, а оваа сезона парчињата од еко – кожа се задолжителни во секој стајлинг.

Токму овие парчиња во последно време станаа ултра популарни, благодарение на познатите девојки кои совршено ги промовираа на социјалните мрежи.

Благодарение на нивните објави и популаризирањето на ваквите парчиња од нивна страна, зборот faux leather бил пребаруван повеќе од 30.000 пати месечно, објави популарната онлајн платформа Lyst во нивниот извештај.

Според ова, сметавме дека е време да направиме ултра шик колекција полна парчиња изработени од еко – кожа кои знаеме дека ќе ги обожавате, особено овој прекрасен период кога времето е како создадено за уживање во овој материјал.

Без разлика дали станува збор за широки панталони, кусо здолниште, јакна со интересен дизајн или пак чанта и чизми, еко – кожата е и повеќе од посакувана поради бројни причини.

Она што е подеднакво важно е тоа што поради огромната популарност што ја стекна еко – кожата во последните неколку години, парчињата изработени од истата сега се подостапни од било кога.

Ние направивме мини селекција на најдобрите парчиња од нашите колекции кои знаеме дека ќе најдат почесно место во вашите комбинации оваа магична и толку шик есен.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 


 

28.09.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.