Барај
Пет стилски комбинации за шик работна недела
БЛОГ

Пет стилски комбинации за шик работна недела

 

Октомври е дефинитивно еден од оние месеци во годината кога слоевитото облекување вистински доаѓа до израз и кога се дозволени сите опции при одбирањето стилски парчиња.

Настрана дождот и променливото време, овој месец е навистина прекрасен и секогаш ни овозможува толку слобода во експериментирањето со парчињата од новите колекции на брендовите.

Панталони, кошула, кардиган: Mango, Чевли: Parfois 

Покрај уникатните џемпери, кошули и шик чевли што ни ги донесе оваа сезона, октомври е привлечен и поради тоа што можете да ги комбинирате вашите омилени летни парчиња со оние на кои местото им е во студената сезона.

Следствено, носете го омилениот фустан изработен од тенок материјал со кул чизми, впечатлива чанта и зимска шапка, или пак панталоните од летната сезона со must have кошулка и кардиган како една од најпосакуваните комбинации оваа есен.

Фустан, чанта: Replay, Чизми: Steve Madden, Шапка: Parfois 

Тука доаѓаат во предвид сите парчиња што ги обожававме ова лето, а за кои немавме доволно поводи да ги носиме.

Мантил: Scotch&Soda, џемпер, чизми, чанта: Mango, фармерки: Calvin Klein 

Секако, сите овие комбинации се како создадени за деновите кога се враќаме на работа и кога сакаме да блеснеме во полн сјај во новата сезона.

За да ви ја олесниме потрагата по совршени стајлинзи оваа недела, ви предлагаме пет неодоливи комбинации за секој ден од неделата. Со истите, ќе бидете ултра стилски на работа, но и прекрасни на сите прошетки закажани по работното време.

Панталони: Scotch&Soda, Кошула: Levi's, Мантил: Diesel, Чизми: Timberland

Сите комбинации се со внимателно одбрани парчиња од новите колекции на нашите брендови, а истите можете да ги нарачате уште денес или пак да ги посетите нашите продавници.

Фармерки: Levi's, Патики: Timberland, Дуксер: Scotch&Soda

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

05.10.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.