Барај
Животот се промени: Доаѓа убавина!
БЛОГ

Животот се промени: Доаѓа убавина!

Модна разгледница од Fashion Group

 

Дефинирај го „новото нормално“... Што всушност значи тоа? Постои ли нешто како „ново нормално“?

Нормалното е само нормално, но сосема неочекувано, му се случи неверојатна пресвртница. Дојде време да прифатиме нови предизвици на кои не се надевавме. Модата, доби нов сојузник. Сојузник кој можеби ни ја крие насмевката, но затоа пак очите ја говорат целата приказна.

Приказната што ние ви ја раскажуваме оваа сезона доаѓа од местата за кои знаевме дека постојат, но ретко имавме време да ги посетиме. Овој септември, ги уживавме.

Уживавме во убавините со кои природата оставила печат во нашата земја, а токму таму, ги однесовме најстилските парчиња од нашите нови колекции. Нашата кампања за оваа сезона ја создадовме на неколку волшебни места низ нашата земја, сакајќи да ви прикажеме визуелно совршени модни разгледници од неколку краеви. Дополнително, сакавме да ве поттикнеме оваа сезона да експериментирате со стилот, да бидете уште похрабри комбинирајќи ги новите парчиња од колекциите на нашите брендови.

Оваа сезона, различна од сите останати на кои се сеќаваме, донесе една поинаква возбуда за која не знаевме дека постои. Но, сепак, прекрасна возбуда.

Иако ситуацијата ги ограничи сите настани на кои некогаш им се радувавме, тоа не значи дека во нас престана да живее магијата што со себе ја носи поседувањето на ново парче.

Новите колекции на нашите брендови се полни со исклучително стилски парчиња, секое засебно создадено за новата и модерна генерација која се радува на позитивните промени што доаѓаат.

Софистициран гламур, совршено есенски слоевити комбинации, но и ултра луксузни парчиња дел од соработки со легенди, се само дел од она во што ќе уживате во претстојната сезона.

Секогаш, па и сега, стожерот на колекциите што ќе ги обожавате оваа студена сезона се деталите кои повторно даваат една сосема поинаква визуелна димензија.

Новото нормално со себе носи една порака – Забавете! Уживајте во малите нешта, во скапоценото време поминато со семејството, бидејќи времето не е најважната работа, туку единствената важна работа.

Ќе се вратиме ли некогаш на она секојдневие кое како малку да го заборавивме? Или ќе живееме сосема нови, но подеднакво магични утра?

Кој би знаел? Засега, да го уживаме секој миг од есента во парчиња кои се љубов на прв поглед, а истите пронајдете ги во продавниците на Fashion Group или нарачајте ги онлајн.

Организација и стајлинг: Fashion Group

Модели: Денис Јовановиќ, Дуња Радичевиќ, Петар Рашиќ, Ана Михајловиќ

Локации: Трескавец, Крушево, Попова Кула, Демир Капија

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски

Фотограф: Мирко Табашевиќ

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

06.10.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.