Барај
Парчињата за дожд никогаш не изгледале постилски!
БЛОГ

Парчињата за дожд никогаш не изгледале постилски!

 

Неделава што ја уживаме, бевме сведоци на вистинска есен кога се облаците и дождот во прашање, па веруваме дека и вие сериозно почнавте да ги одбирате дождовните парчиња.

Периодов наметнува избор на класичните мантили за дожд кои сезонава имаат неколку шик варијации, но подеднакво привлечни и ултра стилски се и тенките јакни кои истовремено ќе ве стоплат и заштитат.

Она што е предност оваа сезона е тоа што познатите девојки ги комбинираат новите мантили на сосема поинаков начин, па така, низ улиците можеме да ги видиме во слоевити стајлинзи, со впечатлив ремен на мантилот, романтични марами и што уште не.

Нашите брендови сезонава нудат сериозен избор, почнувајќи од оние класичните со волуменозни копчиња и должина до под колената, па се до куси верзии од истите, но и дополнети со тексас детали и дополнително разубавени.

Доколку сте од оние кои не се обожаватели на ваквиот тип мантили, тогаш подеднакво привлечни и тотално стилски сезонава се и тенките шик јакни кои се измислени токму за оваа преодна сезона, а истовремено завршуваат толку многу работа.

Сега е вистинско време да уживаме во слоевитите комбинации направени од повеќе тенки парчиња, во исчекување на ултра студената сезона кога на пиедестал секогаш го ставаме капутот (оваа сезона, во неодолива крем нијанса).

Ненаметливи и исклучително елегантни, мантилите и јакните за дождливото време се одличен избор за есенските денови што се пред нас.

Секако, најдобар сојузник во есенските денови секогаш ни е чадорот, па доколку и вие сте од оние кои никогаш не можат да го најдат оној од минатата сезона, денеска одбравме неколку тренди за вас.

Одберете го вашиот фаворит на линковите погоре и нарачајте си го уште денес, или пак искористете го попладнето и посетете некоја од нашите продавници.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 

07.10.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.