Барај
„Streetwear“ парчиња без кои не поминува ниту една кул есен
БЛОГ

„Streetwear“ парчиња без кои не поминува ниту една кул есен

 

Оваа сезона, сосема поинаква од сите останати, ни носи различни потреби кога се комбинациите во прашање. Според сите статистики, од почетокот на пандемијата, во најголем процент се зголемила продажбата на лежерни парчиња во кои може да поминете најголем дел од времето, меѓу нив и продажбата на streetwear производите.

Иако можеби полека се враќаме на регуларните обврски за што ни се потребни деловни есенски комбинации, сепак, оваа сезона нема подобра инвестиција од онаа во удобните парчиња.

Она поради што се посакувани овие парчиња е нивната оригиналност и приказната со која речиси секогаш располагаат, бидејќи истите се дел од соработки со познати артисти, поради што младата генерација секогаш ги обожава.

Нашите брендови сезонава понудија навистина шик избор кога се стрит парчињата во прашање, а ние, само за вас, ги издвоивме во посебна колекција.

Најдоминантни во истата се чини се дуксерите кои оваа есен доаѓаат во неодоливи изданија и бои како никогаш претходно, а подеднакво популарни се и тенките јакни и елеци со „војнички“ принт.

Во колекцијата ќе пронајдете и висококвалитетни обувки кои се неодолив спој на елеганција и урбанизам, а истите се и едни од најпосакуваните оваа сезона кога се чевлите во прашање.

Доколку сте од оние кои секогаш сакаат да се издвојат од толпата, а притоа да не губат исклучително долго време за создавање комбинации, тогаш парчињата од оваа колекција се вистинските за вас.

Модните додатоци издвоени во истата се од исклучителна важност за комплетирање на стајлингот, а сезонава се и повеќе од впечатливи. Погледнете ги издвоените парчиња во нашата streetwear колекција и искористете го продолжениот викенд за онлајн нарачка или посетете некоја од нашите продавници.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

09.10.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.