Барај
Есенва сме облечени во комбинациите од „Emily in Paris“
БЛОГ

Есенва сме облечени во комбинациите од „Emily in Paris“

 

Како резултат на новата ситуација со која живееме месеци наназад, постојано бараме нешто што ќе ни го одвлече вниманието и за момент, ќе се вратиме во реалноста во која уживавме.

Пред некое време на омиленото место за филмска дистракција се појави една нова серија која со брзина на светлината ги освои срцата на стилските девојки и момци и доби популарност каква што не очекувавме.

Иако тотално клише, „Emily in Paris“ е совршена серија за мини уживање во вечерните часови, но и стилски водич за исклучително храбри комбинации кои, да признаеме, секој би сакал да ги носи во Париз.

На социјалните мрежи под #emilyinparis, ќе најдете безброј комбинации на познати блогерки кои постојано ги доловуваат комбинациите на слатката Лили Колинс, со парчиња од high street брендовите.

@smileandmaybe @anainparis @angelagjorgieva

Денеска, бидејќи знаеме дека и вие сте од оние кои ја обожаваат Емили и нејзините шик стајлинзи, издвоивме неколку парчиња кои се и повеќе од добредојдени оваа есен.

Станува збор за парчиња кои се неодоливо слични со оние кои таа ги носи во серијата, а да признаеме, секому му треба малку од Париз во секојдневието.

Палто, здолниште: Mango, Чизми: Tommy Jeans, Беретка: Parfois 

Подеднакво стилски се и момците од серијата, но се чини Жулиен најмногу го одвлекува вниманието, а секогаш е толку вљубен во костимите на кои на единствен начин им прави шик преобразба.

Палто, панталони: Scotch&Soda, Кошула: Guess, Марамче: Bitstiani 

Кога говориме за стилските комбинации во серијата, Силви е подеднакво интересен карактер, дама која секогаш одбира парчиња од високата мода, а и прилегаат толку совршено.

Иако можеби ќе го споделите мислењето дека содржината на серијата можеби и не е фантастична, сепак, истата е како создадена за да ни до одвлече вниманието и да не врати во времињата кога правевме комбинации вредни за на Инстаграм за следното патување.

Фустан: Guess, Потпетици, Додаток за коса: Mango, Чанта: Steve Madden 

До следните добри времиња, денеска уживаме гледајќи ги комбинациите на Емили кои таа ги носи на посебен начин, а парчињата ги купуваме онлајн или во продавница.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

13.10.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.