Барај
Стилски трикови што секој маж треба да ги научи од Шон Конери
БЛОГ

Стилски трикови што секој маж треба да ги научи од Шон Конери

 

На 90 годишна возраст, на 31 – ви октомври почина еден од најлегендарните светски актери, ако не и најголемиот, Шон Конери.

Освен по седумте спектакуларни филмови за Џејмс Бонд што ги сними во кариерата, Конери ќе остане запаметен по единствениот карактер, харизмата што ја немаше никој друг и стилот што дефинитивно беше единствен.

Шкотскиот актер кој почина во семејната куќа на Бахамите, беше пример за тоа како треба да изгледа еден маж, секогаш совршено среден и негуван, со одбрани парчиња какви што само тој знаеше да ги носи.

Денеска, во чест на големиот актер, се сеќаваме на некои од неговите највпечатливи комбинации почнувајќи од неверојатно скроените костими за потребите на Џејмс Бонд, лежерните парчиња што ги обожаваше кога играше голф, но и спортските комбинации кога уживаше во прошетките со неговата сакана Мишелин.

Она по што секогаш ќе остане запаметен е тоа колку добро му стоеја сите костими во кои се појавуваше, секогаш совршено скроени и поим за тоа како треба да изгледа еден маж во костим.

Шармантниот актер е само уште еден доказ дека секој маж во својот плакар треба да поседува барем еден костим што добро му прилега, неколку вратоврски и според вкусовите и желбите, елече за целосно дополнување на изгледот.

Кога говориме за есенцијалните парчиња што треба да ги поседувате, кожената јакна е од исклучително значење за истакнување на секоја комбинација, а актерот и тоа како знаеше совршено да ги носи.

Иако многумина ќе кажат дека ролката е едно од покомплицираните парчиња за мажите, доколку градбата ви дозволува, истата знае да биде исклучително мажествена и да изгледа неодоливо во комбинација со палто. Токму ова е комбинацијата што актерот често знаеше да ја носи, а веројатно ќе се согласите со нас, му прилегаше тотално заводливо.

Дека комбинациите на Шон Конери беа едни од најхрабрите и доказ за тоа како треба да изгледа една филмска ѕвезда, потврдува и фактот што тој беше обожавател на белите парчиња, па така често можевме да го видиме во целосно бел костим со црна кошула или поло маичка одоздола.

Она со што тој пленеше секогаш беше неговата лежерност со која ги носеше сите парчиња, па токму затоа многумина ќе го прогласат за актер со „најкул“ стил низ годините.

Неговите комбинации беа уште една потврда дека секој маж подеднаква важност треба да им даде и на чевлите, а тој се чини ги одбираше најелегантните, дури и во секојдневните пригоди.

Сосема на крај, Шон Конери беше личност што ги заобиколуваше трендовите, но сепак, секогаш беше ултра стилски. Полн самодоверба, неодолив џентлмен и тотален шармер, тој секогаш ќе живее како омилениот Џејмс Бонд!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                           

 

02.11.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.