Барај
Секојдневни парчиња со кои нема да погрешите сезонава!
БЛОГ

Секојдневни парчиња со кои нема да погрешите сезонава!

 

Постојат некои парчиња кои се вистински класици и кои секој треба да ги има во плакарот, па секоја различна година само да ги дополнува со тренди модни додатоци и секогаш да изгледаат свежи и нови.

Но, секако, новите сезони со себе носат и трендови на кои не можеме да им одолееме, па секогаш сакаме да направиме по некоја комбинација со истите.

За да ви ја олесниме потрагата по тренди парчињата оваа сезона, но и по оние безвременските во кои знаеме дека сакате да инвестирате, направивме стилска селекција и истата ја сместивме во колекција наречена „Everyday Look“.

Почнувајќи од едноставни, но секогаш удобни дуксери за момците кои сакаат лежерност на работа, па се до елегантни фустани за дамите кои поголемиот дел од времето го минуваат во канцеларијата, колекцијата изобилува со супер избор.

Новите трендови во центарот на вниманието ги поставија карнерите кај кошулите, јаките кај џемперите, ресите кај палтата, но и топлите дуксери и кожените парчиња како едни од фаворитите.

Оваа сезона, класичните модели на фармерки и панталони добија нов изглед, па така, нема да погрешите ако одберете фармерки со реси и висок струк, некои со шлиц во долниот дел на ногавицата, но и „скини“ како едни од најпосакуваните и најголемите класици.

Кога говориме за секојдневните комбинации, подеднакво важни се и обувките, а сезонава покрај „гломазните“ чизми, подеднакво популарни се и сите модели налик „Dr.Martens“ па без проблем одберете од сериозниот избор на обувки.

Момците пак, уживаат во слободните мигови и ги обожаваат новите модели на Replay и Timberland и секогаш, лежерните комбинации.

Одберете ја совршената комбинација за вас и разубавете го овој облачен четврток.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

 

05.11.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.