Барај
Од патики до чизми: Сите тренди чевли што ви требаат оваа студена сезона!
БЛОГ

Од патики до чизми: Сите тренди чевли што ви требаат оваа студена сезона!

 

Време е со стил да прошетаме низ новата сезона! Откако ги најдовте сите совршени парчиња со кои ќе ги одбележите студените денови, дојде моментот за избор на најважното – чевлите!

Тие секогаш на единствен начин ќе ја заокружат секоја ваша комбинација, без разлика дали се работи за лежерен, секојдневен стајлинг, или некој од оние во моментите кога сакате да се истакнете.

За да ви ја олесниме потрагата по најдобрите чевли оваа студена сезона, почнувајќи од патики, па сè до чизмите што единствено ви требаат, создадовме колекција едноставно наречена „Footwear“, во која ги сместивме сите парчиња на кои треба да им посветите внимание сезонава.

Во истата споивме навистина различни модели, почнувајќи од патики за секојдневни прошетки и уживање, па се до ИТ моделите на „гломазни“ чизми како едни од најпосакуваните кај девојките сезонава.

Нашите брендови оваа есен исклучително ја зголемија понудата со тренди чевли без кои не може да се замисли ниту една стилска комбинација на момците и дамите оваа есен.

Квалитетните и секогаш ефектни чизми се избор број еден кога станува збор за дождливите денови во кои допрва ќе уживаме, но подеднакво внимание треба да им посветиме и на сите оние елегантни чевли што можеби малку ги заборавивме.

Барајќи го спојот на функционалното и визуелно привлечното, оваа колекција ви нуди толку многу модели од кои знаеме дека и вие ќе го одберете вашиот фаворит и дополнително ќе ги разубавите слоевитите комбинации што со себе ги носи студот.

Посветувајќи му внимание секогаш на квалитетот, брендовите како Guess, Diesel, Mango, Replay...сезонава нудат навистина исклучителен избор кога се работи за обувките. Подеднакво привлечни се и моделите на вечниот класик Geox, чии дизајнери сезонава понудија навистина шик модели.

Овој понеделник е речиси совршен да ги одберете и вашите чизми за дожд, па погледнете ја неодоливата понуда на следниов линк, а за уште постилски модели посетете ги продавниците на нашите брендови во Скопје Сити Мол и Рамстор.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

09.11.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.