Речиси на половина од месец ноември и на пат кон најубавиот месец од годината, студените денови полека, но сигурно доаѓаат. Доколку досега не се подготвивте избирајќи ја совршено топлата јакна или капут, нема подобро време од ова.
Иако сè уште уживаме во есенските трендови и сите неодоливи парчиња што ги обожававме оваа сезона, време е да ги пронајдеме најубавите и најудобни џемпери во кои ќе го поминеме секој еден зимски ден.
Секако, доаѓањето на зимата не значи дека треба да се збогуваме со кусите фустани или здолништа, но сепак, вниманието целосно се насочува кон топлите парчиња.
Постојат неколку парчиња поради кои знаеме дека ќе ја засакате зимата, ако досега се двоумевте дека таа е најубавото годишно време.
Со неа, доаѓаат и најубавите празнични денови кои оваа година, се чини ќе ги прославиме во малку поинаква атмосфера, но тоа не значи дека ќе поминат незабележано. Нашите брендови во новите колекции сместија неодоливо светкави парчиња за интимните прослави со кои овој декември ќе го прославиме доаѓањето на новата година.
За похрабрите и оние кои секогаш сакаат да експериментираат, истите можат многу лесно да се претворат и во секојдневни комбинации ако им додадете едноставна бела кошулка одоздола и џинс со висок струк.
Момците се чини секогаш ја ставаат удобноста на прво место, па во оваа must have колекција сместивме голем број модели на дуксери, кошули и јакни кои навидум едноставни, имаат исклучителен ефект.
Токму овие јакни и капути во кои секогаш вреди да се инвестира ќе добијат сосема поинаков изглед доколку секој ден ги освежувате со различни топли додатоци како беретка, зимска капа и стилски шал.
Секако, за сите оние кои секогаш одбираат удобни пижами во слободните моменти, понудата на Women’secret оваа сезона е едноставно неодолива и толку топла.
Погледнете ги сите прекрасни парчиња сместени во нашата нова must have колекција и направете онлајн нарачка уште денес!
Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup: