Барај
Нова година во домашни услови? Ние ги имаме сите комбинации!
БЛОГ

Нова година во домашни услови? Ние ги имаме сите комбинации!

 

 

Оваа година како ниту една друга со себе донесе сосема поинакво гледиште на работите, на социјалниот живот...и на животот воопшто.

Ако сте од оние што обожуваат забави и некој некогаш ви кажеше дека дочекот на Новата година ќе треба да го поминете дома, веројатно немаше да му поверувате.

Но, во исчекување на сите подобри времиња што доаѓаат, оваа нова година уживаме во домашна атмосфера во кругот на семејството, но тоа не значи дека треба да заборавиме на добрите комбинации.

На само неколку недели пред Новата година, овој четврток решивме да ве израдуваме со нашата нова, празнична колекција во која секоја недела ќе вметнуваме нови производи, па така, ќе можете да се подготвите и за забавата дома, за празничните денови на работа и сосема на крај, да блеснете во сите светкави парчиња.

Во првиот дел од колекцијата сместивме неодоливо лежерни и нежни парчиња кои се совршени доколку дочекот на Новата година го поминете во кругот на семејството во домашна атмосфера, а притоа сакате да се чувствувате удобно.

Следејќи ги светските трендови кои сè повеќе се насочуваат кон создавање на колекции полни лежерни парчиња, нашите брендови оваа сезона нудат ултра шармантни парчиња во кои ќе се чувствувате совршено.

Оваа Нова година, вашите комбинации нека се состојат од шик дуксер што истовреме е толку удобен, но и џемперче и фармерки како ултимативна и секогаш сигурна комбинација.

Девојките на социјалните мрежи подолго време споделуваат фотографии на кои можеме да ги видиме како уживаат во новата „униформа“, па доколку и вие сè уште не си набавивте вакво лежерно парче, сега е совршениот момент за тоа.

Колекцијата е полна и со најудобните пижами од секогаш омилените Women’secret, но и фантастична долна облека на која секогаш треба да и дадете особено значење.

Она што мора да го споменеме е дека во пресрет на празничната сезона, од денеска секоја направена онлајн нарачка ќе пристигнува во совршено дизајнирана кутија, со која само сакаме да ве потсетиме колку ни значите, а истата е како создадена и за подарокот што планиравте да го нарачате.

Празничната магија и официјално може да започне!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                      

10.12.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.