Барај
Стилските комбинации што ја направија Сиена Милер безвременска модна икона
БЛОГ

Стилските комбинации што ја направија Сиена Милер безвременска модна икона

 

 

Иако на прв поглед можеби ќе си речете дека таа воопшто и не се труди, можеби токму тоа е она што секоја дама треба да го стекне низ годините – леснотија со која ќе ги прави сите комбинации и секогаш ќе изгледа стилски.

Во „слип“ фустан или пак широки тренерки и волуменозен капут, мора да признаете дека Сиена Милер е дефинитивно една од најстилските модни икони што го одбележуваат нашето време.

Обожавателка на дизајните од високата мода, но и на сите стилски парчиња со потпис на high street брендовите како Mango, Inukii и други, прекрасната актерка низ годините ни докажа дека и лежерните и удобни комбинации можат да изгледаат супер стилски.

Многумина ќе ја споредат со ретро убавиците низ историјата, благодарение на нејзината уникатна убавина и стил што познатите стилисти го опишуваат како еден од најинтересните во Холивуд.

Нејзината стилистка со која таа работи од 2014 – тата година, Кејт Јанг ќе каже дека секогаш е задоволство да се работи со актерката бидејќи го има она нешто што е изгубено кај многумина – исклучително чувство за важноста на деталите.

„Ако се работи за нешто ексцентрично и може да ја насмее, тогаш знам дека ја имаме добитната комбинација. Таа ја сака и ја цени поезијата што модата ја носи со себе. Она што е реткост кај другите, кај неа е исклучително изразено. Сиена секогаш ќе одбере парче со карнер од тул или парче со светки, што кај другите е реткост. Тоа е всушност сосема во нејзин стил. Секогаш изгледа добро бидејќи така и се чувствува и не се оптоварува премногу со тоа што ќе облече или каква и е косата и шминката...“, вели Јанг за магазинот InStyle.

Како вистинска дама, оваа сезона актерката за речиси секое излегување одбира волуменозен капут што обожува да го комбинира со широки панталони или пак фармерки во комбинација со црна ролка или опуштен џемпер.

Кога говориме за нејзините безвременски комбинации, низ годините таа докажа дека е кралица кога станува збор за стилот на црвениот килим. Во моменти кога ви недостасува инспирација за тоа како да изгледате на супер важниот настан пред вас, тогаш Сиена Милер е девојката чии комбинации треба да ги гледате.

Денеска направивме мала ретроспектива на нејзиниот зимски стил заедно со опции од нашите брендови во кои знаеме дека веднаш ќе се вљубите. Оваа зима, покрај класичниот капут, инвестирајте и во стилска бунда, кожени панталони, црна блузичка со интересен отвор, џемпер што ќе го обожавате и модни додатоци за тогаш кога дополнително сакате да си го разубавите денот.

Фото: Net-a-Porter

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

16.12.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.