Барај
Џеси Буш: Модна икона чиј стил е инспириран од патувањата!
БЛОГ

Џеси Буш: Модна икона чиј стил е инспириран од патувањата!

 

 

Ако сте од оние кои се вљубени во базичните парчиња, но секогаш сакате истите да ги надополните со возбудлива нота, тогаш, денеска мора да ја запознаете блогерката Џеси Буш која со години работи на познатиот блог „We The People Style“.

Нејзиниот стил инспирира бројни девојки ширум светот, па токму поради тоа, за кратко време блогот на Џеси стана еден од најпопуларните каде може да ги видите нејзините соработки со познати брендови меѓу кои и Levi’s, Calvin Klein, Jimmy Choo, Topshop и Net-a-Porter.

Она што ќе го забележите кога ќе ги разгледувате нејзините фотографии на профилот на Инстаграм, е тоа дека оваа прекрасна девојка, со неодолив шарм и самодоверба ги носи сите комбинации што ги одбира, иако понекогаш ќе си помислите дека истите е невозможно да се спојат.

Сакајќи со стил да ги завршиме последните денови од месец декември и уште постилски да ја дочекаме Новата година, денеска одбравме некои од најубавите комбинации на оваа прекрасна модна икона и само за вас, ги носиме парчињата од комбинациите што знаеме дека ќе ги обожавате.

Како што самата Џеси ќе каже, нејзиниот блог постои токму поради тоа – да останат запаметени сите стилски момци и девојки што таа ќе ги сретне низ улиците на европските градови, а ги забележала поради нивниот исклучителен стил.

Оваа девојка од Нов Зеланд со повеќе европски адреси, ужива во патувањата со нејзиниот сопруг од каде секогаш носи совршено интересни приказни што постојано ги раскажува на нејзиниот блог, а токму патувањата ќе каже дека ја инспирирале за некои од нејзините највпечатливи стајлинзи.

Нашите омилени ги гледате погоре, па да го разубавиме овој облачен четврток со некое парче во боја или да го пречекаме снегот со секогаш омилените неутрални тонови!

Фото: Instagram/wethepeoplestyle

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

24.12.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.