Барај
Среќни празници од Fashion Group: За 2020 – та и неоткриената и фантастична 2021 – ва!
БЛОГ

Среќни празници од Fashion Group: За 2020 – та и неоткриената и фантастична 2021 – ва!

 

 

Каква година зад нас, се согласувате нели? Колку и да беше тешка и поинаква од сите останати на кои навикнавме досега, сепак, празниците се совршено време да се потсетиме на сите нешта што ја одбележаа.

Иако ја започнавме сосема како што треба, со ултимативни прослави и вкусна храна за среќа низ целото тело, никој од нас не се посомнева дека по само неколку месеци, Zoom ќе биде единствениот начин преку кој ќе уживаме во друштвото на најблиските.

Сакајќи да ви ги прикажеме производите од брендовите на Fashion Group чекор поблиску, во можеби најстудениот месец од годината, февруари, почнавме со сет фотосесии во кои главните улоги ги имаа млади момци и девојки кои секогаш имаа што да кажат.

И како да знаевме дека природата ќе ни стане најдобриот пријател во следните месеци, на совршен начин ви ги прикажавме новите колекции од Timberland со Петар и Борјан, а вистински херои беа и Давид Мука и Таско прикажувајќи ги стилските производи на Hugo Boss и SuperDry.

Иако пролетта и летото можеби беа целосно откажани, ние ве подготвивме за стилски прошетки на отворено со уникатните парчиња од Mango и Fashion & Friends во кои знаеме дека создадовте беспрекорни спомени.

Како резултат на пандемијата, онлајн продажбата во светот се искачи на едно завидно ниво, па би сакале да ги искористиме последните денови од годината за искрено да ви се заблагодариме за сета ваша доверба која се надеваме дека ја оправдавме, а на која дополнително ќе работиме во новата што ни доаѓа.

Можеби некои сеќавања за изминатата година се навистина тешки, но тоа не значи дека тоа е единствениот начин по кој треба да ја запаметиме. Она што ние сакаме да го паметиме се вашите искрени пораки за уредно пристигнатата нарачка, но и сите оние поради кои се трудиме да станеме подобри во неоткриената 2021-ва.

Во екот на пролетта, почитувајќи ги сите мерки за заштита од пандемијата, ја отвориме и новата и можеби најшармантна во нашиот ланец продавници, Guess, каде на стилските момци и дами им ги доближивме сите оние шик парчиња за кои отсекогаш сонувале.

Подеднакво привлечна, но со сосема поинаков шарм и мистичност, продавницата на Hugo Boss беше еден од нашите најзначајни проекти за изминатата година, но истиот беше целосно оправдан со воодушевувањето на клиентите кое секогаш толку многу го исполнуваше просторот.

Сведочејќи дека зборовите „новото нормално“ се дефинитивно едни од најупотребуваните, сакавме да ви ги прикажеме од едно малку поинакво, позитивно светло, па снимивме едиторијал со парчиња од колекциите на брендовите низ неколку фантастични локации во нашата земја, а истиот беше совршена подлога за повикување на позитивните промени што допрва следат.

Сакајќи на вашите најмили да им откриеме еден сосема нов свет на удобни материјали, свет исполнет со забава во најстилските парчиња облека, ја лансиравме и целосно новата платформа Okaidi.com.mk на која работиме секојдневно за неизмерна среќа на нашите најслатки клиенти.

Сосема на крај, иако можеби некој ќе каже дека наградите и не се толку важни, но и тоа како служат за мотивација плус. Во тоа име, им благодариме на Сајт на годината за третото место во категоријата „Мода и убавина“ и второ место во категоријата „Најдобар блог“, за нивниот придонес кон уште многу интересни содржини со кои едвај чекаме да ве запознаеме.

Иако знаеме дека на 1 – ви јануари нема да се случат големи промени, самото тоа што успеавме да минеме низ година како 2020 – тата, е доволен повод за славење. Овој ден, нека биде вашиот совршен почеток на позитивни промени, на „воскреснување“ на социјалниот живот, на подарувањето, на уживањето во најблискиот круг на семејството, во малите нешта...

*Фото: Портрет

Тимот на Fashion Group за новата 2021 – ва ви ветува многу нови колекции, уште подобро онлајн искуство, исклучително квалитетни содржини и стилски приказни што едвај чекаме да ги споделиме со вас.

Среќни празници!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

30.12.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.