Барај
Модата за Нова година низ историјата: Најдобрите изданија!
БЛОГ

Модата за Нова година низ историјата: Најдобрите изданија!

 

 

Веројатно никогаш нема да се повтори онаа возбуда со која порано луѓето се подготвувале за „најлудата“ ноќ од годината, бидејќи реално, тоа и била најлудата ноќ.

Без разлика дали со пријатели или членови од семејството, она без што една Нова година не можела да се замисли било расположението, секогаш на исклучително ниво.

За разлика од поново време, чинот на славење на Нова година бил едноставно – празник! Истата не можела да се замисли без бројни случувања, поворки низ улиците, прослави на секој чекор и сето тоа – во сериозно добри комбинации.

Знаеме дека модата во Југославија е една од највпечатливите било кога уживани, па токму фотографиите од тоа време се оние на кои треба да им се даде сериозен осврт.

Со самото тоа што новогодишната ноќ била вистински празник, секако дека и повеќе од задолжителна била добрата и стилска комбинација. Гледајќи ги фотографиите од тоа време од поранешните југословенски простори и воопшто, од Европа и светот, секоја една девојка или момче носи парчиња кои се како создадени за нив.

Можеби тоа е и она што најмногу фасцинира ако се вратиме години наназад на модата за време на новогодишната ноќ. Иако и повеќе од очигледно е дека и во тоа време младите биле свесни за трендовите, сепак, секој еден од нив избраните парчиња ги носи на свој, сопствен и навистина посебен начин.

Осврнувајќи се кон Европа и светот, девојките и момците за оваа исклучително свечена вечер одбирале парчиња во претежно интензивни нијанси, па така не ретко фотографиите се обоени во црвена, впечатлива сребрена или пак сина нијанса.

Како и за секоја друга прилика, модните додатоци за дамите имале огромно значење, па така на најголемиот број од фотографиите ќе ги видите со огромни шапки, панделки во пределот на јаката, впечатлив накит и што уште не.

Женските добро скроени костими биле ултимативни кога станувало збор за прилика каде треба да се истакнете, а подеднакво посакувани и фустаните со деколте, кои и денеска се меѓу првите парчиња на кои помислуваме кога говориме за Новата година.

Последниот ден од годината, ние правиме мала ретроспектива на модата за време на Новата година низ историјата, а ви даваме и предлог комбинации доколку сè уште не одлучивте како ќе го дочекате новото поглавје.

Без разлика што оваа година уживаме дома, не заборавајте да се дотерате и да се чувствувате убаво во она што го носите, но најважно од сè, расположението да биде подобро од кога и да е!

 

 

Фото: Getty Images, AP, Музеј на историјата на Југославија, Who What Wear

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

30.12.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.