Барај
Најудобните парчиња од новите колекции за Божиќ во домашна атмосфера!
БЛОГ

Најудобните парчиња од новите колекции за Божиќ во домашна атмосфера!

 

 

Откако конечно ја дочекавме Новата година на сосема поинаков начин од она на што сме навикнати, сфативме дека минувањето време со семејството во домашна атмосфера и не е така здодевно!

Во пресрет на можеби најубавиот празник од годината, Божиќ, време е да ве запознаеме со најудобните, но истовремено и најстилски парчиња од новите колекции на нашите брендови во кои знаеме дека ќе сакате да го поминете секој еден слободен миг што доаѓа.

Токму новите парчиња се нешто со што треба да ја почнете годината, па овие слободни мигови уживајќи во домот, искористете ги и да ја наполните кошничката со шик производи за себе или пак да израдувате некој кому не стигнавте да му дадете подарок за Нова година.

И оваа празнична недела остануваме дома и носиме топли парчиња, почнувајќи од џемперите изработени од најмекиот материјал, дуксери кои оваа сезона го преземаа приматот од стилските блузи и кошули, но и впечатливи тренерки кои момците и девојките сега, ги обожаваат повеќе од кога и да е.

Секако, за сите оние вљубени во повпечатливите комбинации како што се лежерен фустан и чизми, нашите брендови подготвија модели на кои нема да можете да им одолеете, а сепак, истите се соодветни за празници во домот или во кругот на најблиските пријатели.

Во пресрет на пролетта кога и се надеваме дека во предвид ќе ги земеме постилските комбинации и повторно ќе уживаме во социјалниот живот, зимата е совршен момент да уживаме во сите топли и неодоливи удобни парчиња кои изминатава година станаа едни од најпосакуваните.

И ако сега помисливте дека не сте човек што обожува да носи тренерки во слободно време, она што треба да го знаете е дека изминатата година дизајнерите го споија она што се нарекува удобно со ултра шик трендови, па на моменти овие парчиња и воопшто не изгледаат како нешто што сме го носеле порано.

Удобните модели со акцент на тренди изгледот, можете да ги пронајдете во неутрални тонови, но и во нешто повпечатливо издание како животински принт, кариран дезен, впечатливи принтови од познати артисти и што уште не.

За целиот празничен месец пред нас, ние ги издвоивме највпечатливите модели од новите колекции на нашите брендови, а истите можете да ги нарачате уште денеска и да уживате во неодоливата удобност што само овие модели ја носат со себе.

Целата понуда на сите нови парчиња ја гледате на следниов линк!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

04.01.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.