Барај
Викендов одиме на скијање во парчиња на супер намалување!
БЛОГ

Викендов одиме на скијање во парчиња на супер намалување!

 

 

Ако викендов планиравте скијачка авантура, или пак одите на подолг престој на планина, ви требаат соодветни парчиња облека во кои вистински ќе ги доживеете убавините на снегот.

Доколку ви недостасуваше некое парче, или пак целосно сакате да ја обновите скијачката опрема и парчињата за прошетка на снегот, ние ги имаме вистинските производи за вас.

Како и секоја година, така и оваа прекрасна зимска сезона, нашите брендови ги нудат најквалитетните јакни и панталони за скијање, но и додатоци и обувки што целосно ќе ве заштитат од студот.

Со оглед на ситуацијата, годинава по сè се чини дека ќе уживаме во нашите ски центри кои веќе се подготвени и ги очекуваат првите вљубеници во зимата, па добро подгответе се и не пропуштајте ги можностите што ги нуди најубавата сезона во годината.

Задолжителни во зимската опрема се и модните додатоци кои покрај тоа што секогаш се стилски, истите ќе ве заштитат од студот. Кога се подготвувате за зимска авантура, не заборавајте да си набавите и топла капа и шал, но и ракавици кои се и повеќе од задолжителни за топли денови на планина.

Скијањето е една од омилените активности во зимската сезона, па не дозволувајте ситуацијата да ве ограничи и барем на еден ден посетете некој од нашите ски центри и уживајте во магијата каква што само зимската сезона знае да ни овозможи.

Секако, подеднакво важни се и парчињата што ги носите под скијачката опрема, па така не заборавајте да ја погледнете нашата понуда на дуксери, но и топли џемпери и ролки кои се сè што можете да посакате оваа сезона.

За прошетките во моментите кога нема да скијате, одберете топли чизми од нашата понуда, но и стилска јакна со која ќе уживате на пат до вечерата со пријателите или едноставно, во оние моменти кога сакате да ја почувствувате магијата на зимата.

Дел од најубавите зимски парчиња овие денови можете да си ги набавите на неодоливо сезонско намалување онлајн и во нашите продавници, па побрзајте и одберете ја совршената зимска опрема додека сè уште има залихи!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

08.01.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.