Барај
Сите чизми и патики што ви се потребни за стилски комбинации зимава
БЛОГ

Сите чизми и патики што ви се потребни за стилски комбинации зимава

 

 

Кога говориме за чизми, модните трендови оваа студена сезона понудија сè што можеме да посакаме – почнувајќи од стилски модели до глужд, па сè до оние до колена кои се ултимативен хит кај дамите.

Подеднакво шик трендови кај обувките оваа сезона брендовите понудија и кај мажите, па така без разлика дали сте од оние кои обожуваат да се дотеруваат во палто и панталони или пак негувате спортски стил, понудата е сериозно добра.

Доколку сè уште не го одбравте совршениот модел со кој ќе ги надополните вашите стилски комбинации, овие денови се вистинска можност за тоа со оглед на фантастичните намалувања кои можете да ги најдете во нашите продавници и онлајн.

Очекувано, меѓу класиците што ги обожаваме оваа зима, а се чини ќе ги носиме и следните, се истакнаа оние во црна боја како едни од најбараните и најпосакуваните.

Она поради што истите се меѓу омилените е фактот што истите дефинитивно најлесно се комбинираат, совршени се за секоја пригода, а и секогаш изгледаат супер елегантно.

Совршена алтернатива на истите се моделите на чизми во темно кафена нијанса, оние во темно црвена, па дури и сребрена доколку сте од оние што ги обожуваат прошетките на планина и снег.

Иако беа вистински хит изминатата година, се чини дека „гломазните“ чизми ќе бидат огромен хит и оваа година, ако судиме според комбинациите на дамите на социјалните мрежи.

Ако барате само еден модел во кој ќе ги поминете сите денови од зимата во која допрва ќе уживаме, тогаш ова се чизмите што единствено ви се потребни.

Ваквите чизми своето место го пронајдоа во речиси секоја колекција, а тоа е и случај со нашите брендови. Момците пак, сезонава стилските комбинации ги надополнуваат со елегантни чизми до глужд во претежно црна и сива боја, но и кафената се најде меѓу омилените.

Подеднакво популарни модели кога говориме за чизмите се и оние до над глужд со врвки во предниот дел, совршени за лежерни и секогаш впечатливи комбинации.

Ако сте пак од оние момци кои секогаш одбираат патики пред чизми, зимските модели од нашите колекции се навистина нешто на што нема да останете рамнодушни, а дел од нив се и на супер намалување што не смеете да го пропуштите.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

18.01.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.