Барај
Селена Гомез – ултимативна модна икона на новото време
БЛОГ

Селена Гомез – ултимативна модна икона на новото време

 

 

Почнувајќи од нејзиниот Родарте фустан во последното видео за песната „De una Vez“ и навраќајќи се наназад, се чини дека шармантната Селена Гомез е непогрешлива кога е стилот во прашање.

За само неколку часа, неодоливиот фустан доби милионски пребарувања на Гугл, а она што воодушевува е тоа што истиот сè уште не е во продажба и е дел од пролетната колекција на брендот.

Самото тоа, говори за огромното значење што Селена Гомез го има во модата и фактот што таа е сериозна модна икона на новото време. Секогаш одбирајќи шармантни и тренди парчиња, младата пејачка и актерка на истите им дава сосема поинаков призвук од оној првичниот.

Исклучително талентирана, Селена важи за едно од омилените имиња во модата со безброј соработки зад себе, потпишани од некои од најголемите модни брендови.

Она поради што девојките ја обожуваат, се и нејзините секојдневни шик стајлинзи кои секогаш се инспирација без разлика на пригодата пред вас.

Модниот свет пак и се восхитува поради фактот што таа е вистински камелеон кога се комбинациите во прашање, па така денес може да изгледа како млада и шармантна девојка, додека утре, исклучително секси и зрела жена со парчињата што ги одбира.

Токму можноста за вакви промени ја прават дефинитивно една од најинтересните личности во модниот свет, па затоа и зад себе има огромен број соработки, но и заеднички и ултра успешни колекции со познати брендови.

Години наназад се воодушевуваме на нејзиниот неприкосновен стил, а денеска ги одбравме највпечатливите зимски комбинации од оваа сезона во кои пејачката остави особен впечаток, а со истите ве запознаваме во продолжение.

Токму овие комбинации нè инспирираа да пронајдеме слични парчиња кои можат да бидат ваши со само еден клик, па побрзајте и сите фаворити ставете ги во кошничка или посетете ги продавниците на нашите брендови!

Фото: Vogue, Vogue Arabia, Vogue Mexico, Getty Images, 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

 

20.01.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.