Барај
Пет комбинации за најстилскиот февруари досега!
БЛОГ

Пет комбинации за најстилскиот февруари досега!

 

 

Февруари е дефинитивно еден од најубавите месеци во годината, толку краток, а полн можности! Конечно е време да излеземе од дома во исчекување на пролетта, а тоа секако треба да го направиме во најстилските комбинации на кои секогаш им се радуваме.

Сезонското намалување беше совршена можност да си ги набавите омилените парчиња, а сега пак е вистински момент да ги погледнете новите колекции и да направите добар план за тоа што ќе носиме во текот на целиот месец.

Кошула: Mango

За да ви ја олесниме потрагата, ние направивме неколку стилски комбинации со најновите парчиња од нашите колекции кои знаеме дека за вас ќе бидат љубов на прв поглед.

Овој февруари, ја повикуваме пролетта и тоа во лежерни фустани со цветен принт, комбинирани со најубавите капути и чизми во кои уште малку ќе уживаме.

Фустан, капут, чизми, чанта: Mango

Не постои ништо поубаво од прекрасен фустан во еден од најубавите месеци во годината, дополнително истакнат со чизми до глужд или висока варијанта за поелегантен изглед.

Џемпер, здолниште, чизми: Mango, Јакна: Parfois 

Што се однесува до боите, остана уште малку време за уживање во темните нијанси пред целосно да им се препуштиме на секогаш омилените светли со кои сакаме да ги раскажуваме пролетните приказни.

Фустан: Diesel, Бунда: Guess, Чизми, чанта: Mango

Нас веќе не освоија парчињата од новите пролетни колекции, а веруваме дека истото ќе биде случај и со вас. Да се подготвиме за најубавиот период од годината со стилски парчиња како и секогаш, а пет неодоливи комбинации со одбрани парчиња само за вас, подготвивме во продолжение.

Фармерки: Guess, Дуксер: Replay, Јакна: Mango, Патики: Guess

Која е вашата омилена?

Фустан, мантил: Guess, Чевли: Mango, Обетки: Parfois 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

01.02.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.