Барај
Сите го обожаваат новиот Шон Мендес!
БЛОГ

Сите го обожаваат новиот Шон Мендес!

 

Голема е веројатноста дека и вие, како и многумина ширум светот, беа воодушевени од новиот албум на миленикот на младите, Шон Мендес, со кој се чини доби и повеќе обожаватели од претходно.

Она што е искучително впечатливо овојпат, е променетиот стил на младиот пејач за кој е заслужна неговата стилистка Тифани Брисено со која тој соработува долги години.

Сосема совршено, талентираната стилистка за „Wonder“ целосно го промени изгледот на згодниот пејач, инспирирана од ерата на 30 – тите која неодоливо му одговара на младиот музичар.

Девојките како да „полудеа“ по неговата долга коса која го направи дополнително посакуван, но и по навидум едноставните комбинации составени од елегантни костими, лежерни бели маици, раскопчани кошули, свечени панталони комбинирани со кожени чизми како негов заштитен знак и што уште не.

Токму во вакво неодоливо издание можевме да го видиме на насловната и во едиторијалот за британски GQ, а за него пишуваше и Вог во чиј текст беше прогласен за стилска модна икона „во изработка“.

Ова беше само потврда за нивната одлична работа последниов период, која докажува дека понекогаш е и повеќе од потребно да експериментираме за дополнително да се откриеме себеси.

На што друго нè научи нивната и повеќе од одлична соработка?

Следнава година момците ќе бидат „обземени“ од ретро вибрациите, па така воопшто не двоумете се и искористете ги сезонските намалувања, но и шармот на новите колекции да се себеоткриете во тесни, шик црни фармерки, црна, наместо сина тексас јакна, маичка на куси во интензивна сина наместо класична бела, но и нови модели на капи за совршено долго лето.

Како што неговата стилистка ќе каже, а ние не можеме да бидеме посогласни, винтиџ парчињата се речиси секогаш стожерот на можеби најголемите и највпечатливите парчиња и комбинации на сите времиња. Токму тоа е она од што секогаш треба да се водиме ако сме насочени кон постигнување на еден безвременски, класичен изглед составен од парчиња што се направени да траат.

Без разлика што и да одберете, никогаш не заборавајте да ја ставите удобноста на прво место и добро да се чувствувате во она што го носите, бидејќи тоа е единствениот начин да изградите сопствен стил што ќе се памети!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

02.02.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.