Барај
Ја славиме автентичноста на жената: Подароци само за неа!
БЛОГ

Ја славиме автентичноста на жената: Подароци само за неа!

 

 

Месец март е убав по многу работи... Една од нив е и Интернационалниот ден на жената, 8 – ми март, кога дополнително ја славиме убавината и автентичноста на жените.

Иако клише, но повеќе од точно е дека тоа треба да се случува секој ден, сепак, постои еден ден кој е целосно посветен на сите исклучителни постигнувања на жените и нивната важност во општеството.

Сакаме да веруваме дека вам не ви треба посебен ден за дарување, но особено на овој, треба да им посветите особено внимание на жените во вашиот живот.

Токму поради тоа и за да ви ја олесниме потрагата по совршениот подарок, создадовме колекција во која сместивме стилски и уникатни подароци за 8 – ми март од кои знаеме дека ќе го одберете вашиот фаворит.

Без разлика на тоа дали вашата дама е тип на жена која обожува фустани, чанти, накит или пак некое друго парче, во оваа колекција ќе најдете сè што ќе помислите дека е соодветно за неа.

Секако, во истата дамите ќе најдат совршен подарок и за нивните пријателки, мајки и други важни личности во животот, па така, оваа среда е соодветен ден за да ја направите вашата онлајн нарачка или пак да ги посетите продавниците на нашите брендови.

Овој 8-ми март, одвојте време за себе и закажете ја омилената масажа која постојано ја одложувавте, нарачајте го омиленото јадење за семеен ручек во природа, одете на долга прошетка со пријателките што не сте ги виделе одамна и сите други работи на кои подзаборавивте.

Секако, покрај подарокот, оваа година обидете се да ја напишете и совршената порака за вашата сакана, пријателка, мајка или сестра... со што ќе им кажете зошто тие се омилените дами во вашиот живот.

Потсетете ги дека не само овој ден, туку секој останат, тие се дамите без кои не можете, дамите кои секогаш зрачат посебна енергија, секогаш се уникатни и полни сила и автентичност.

А вие, наши дами, во секојдневната трка со животот, не заборавајте да се ставите себеси на прво место, бидејќи љубовта кон самите себе е подеднакво важна како онаа кон останатите.

Секој ден од оваа година, славете се самите себе, а на Интернационалниот ден на жената, потсетете ги сите останати колку е тоа важно.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

03.03.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.