Барај
Скопје со сиот шарм и позитивна енергија – совршен старт на нашето патување!
БЛОГ

Скопје со сиот шарм и позитивна енергија – совршен старт на нашето патување!

 

 

Во текстот што ќе го прочитате подолу, денеска ќе ве потсетиме на дел од убавините на нашето Скопје, кое ние го одбравме како почетна точка за нашето неверојатно модно патување и снимањето на кампањата пролет/лето 2021!

Иако загрижени за времето, се чини дека сонцето не можеше да грее посилно во секогаш прекрасното Скопје и да ни овозможи услови за работа какви што секој би посакал.

Од каде би тргнале и што сè би им понудиле на гостите кои можеби за прв пат го запознаваат главниот град, за истиот долго да им остане во сеќавање и да посакаат да се вратат во секој миг?

Центарот на градот и мирисот на исклучително добро кафе во 8 часот наутро беше сосема доволно за почеток, за денот потоа да биде еден од највозбудливите било кога.

Дуња : Јакнатопздолништепатики: Guess

Сара: Маичказдолниште: Guess, Тексас јакна: Miss Sixty, Чанта: Parfois 

Младиот и шармантен Стефан Спирковски беше и повеќе од љубезен за да им посака топло добредојде на Сара и на Дуња и да им го покаже главниот град во сиот свој сјај тоа утро, а дамите облечени во урбани и супер тренди парчиња со потпис на Guess, уживаа во секој миг.

Стефан: Маица, јакна: Diesel, Панталони: Guess, Патики: Geox 

Што е она со што секој може да се расположи по напорен ден? Секако, добра храна за да ни ги разбуди сите можни сетила!

Кога помисливме на тоа кој би им препорачал на гостите добра и исклучително вкусна храна која долго ќе се памети, секако, се сетивме на шармантната Моника Потер која се чини ги знае сите места на кои храната едноставно е неодолива.

Моника Потер: Фустан: Springfield, Јакна, чанта: Replay

Ако сакавме да споиме неповторлива природа, чист воздух и добро јадење, изборот број еден во Скопје секако беше нашата единствена Матка која секогаш има толку многу да понуди.

И се чини, не згрешивме.

Не постоеше подобро место на кое девојките можеа да ги „наполнат батериите“, а истовреме, да доживеат такво искуство, за кое говореа денови подоцна.

Сосема на крај на денот, не сакавме прикажувањето на Скопје да заврши тука, па решивме да ги почестиме со некои од најубавите македонски песни и мини концерт за вистинско уживање во нашата омилена Македонска опера и балет.

Харизматичниот Влатко Кузмановски беше доволно љубезен на девојките да им ја прикаже МОБ во сиот нејзин сјај и да ги подготви за уживањето што следеше, а овозможено од младата и ултра талентирана пејачка Ана Петановска.

Влатко Кузмановски: Панталони, палто, кошула џемпер: Boss, чевли: Geox 

Дуња: Фустанпалточевли: Mango, Чанта: Guess,  Сара: Костимчанта: Guess, Чевли: Mango 

Таа дефинитивно беше нашето откритие за оваа сезона. Толку млада, но полна шарм и желба за успех, поткрепен со глас каков што верувајте, одамна не сте чуле.

Таа ја исполни Македонската опера и балет со звуци на кои ни беше чест што бевме сведоци, а Сара и Дуња тотално обземени од нејзината магија, уживаа во целост до последната испеана песна.

Ана Петановска: Палто, фустан, потпетици: Guess

Вака некако почна нашето патување низ Македонија, каде секој град беше совршен во секоја смисла на зборот. За сето она што се случуваше понатаму, како и за луѓето со кои се запознавме, а верувајте, сите беа исклучителни, ќе читате во следните наши блогови!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

25.03.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.